Нов Белград е општина, воедно и населено место, во Белград[1] и се простира на површина од 4.096 хектари.[2] Според пописот на населението во Србија во 2011 година, бројот на населението изнесувало 214.506 жители.[3]
Општина Нов Белград е една од седумнаесетте белградски општини.[1] Три године после Втората светска војна поставен е камен темелник на Нов Белград, а во 1952 година основана е општина Нов Белград, која се развила во метрополис и која и ден денес расте.[2]
Општина Нов Белград зазема површина од 40,96 км2. Главна физичка особина на Нов Белград е неговиот рамен терен, што претставува голем контраст на стариот дел на Белград, кој е изграден на 32 рида. Освен Бежанија, својот западен дел, Нов Белград е изграден на површина која во основа била мучуриште кога во 1948 година започнала изградбата на новиот град. Со години на Нов Белград е носено песок од дунавското Мало воен остров, сè додека од него не е преостанат мал низок пошумен појас кои постои и денес.
Останатите географске одлики на Нов Белград со полуостровот Мала Циганлија и острвот Ада Меѓица, двете на Сава и заливот Зимовник, кој ја опкружува Мала Циганлија, во кој се наоѓаат објекти и бродоградилишта на Белград. Лесне Заравни и Бежаниска коса се наоѓаат во западниот дел на општината, додека во јужниот дел протекува каналот Галовица која се влева во Сава.
Од сите белградски градски општини, Нов Белград има најмногу зелени површини, вкупно 3,47 км² или 8,5 % својата површина.[4] Најмногу површина на паркови, спаѓа на Ушќе. На Нов Белград во 2008 година отворен е Паркот Република Српска со идеја да се симболизира пријателството помеѓу Србија и Република Српска.
Литература
Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN978-86-07-00001-2. Отсутно или празно |title= (help)
↑„Српска престоница у бројкама“, Политика, стр. 30, 26 април 2008.]] Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: датум и година (link)
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!