Никола Ќуркчиев — македонски политичар.
Животопис
Тој бил роден на 26 февруари 1954 година во Гевгелија.
Образование:
Дипломиран машински инженер
Политички ангажман:
- Член на СДСМ од 21.04.1991 година.
- Претседател на ОО на СДСМ - Гевгелија од 1991 до 1997 и од 1999 до 2003 година;
- Член на ЦО на СДСМ во периодот од 1991 до 2003 година;
- Член на Претседателството на ЦО на СДСМ од 1995 до 1999 година;
- На Четвртиот Конгрес на СДСМ, на 08.02.2003 година, избран за Генерален секратар на СДСМ.
Општествен ангажман:
- градоначалник на општина Гевгелија во периодот 1996 - 2000 година. За време на градоначалничкиот мандат, ги извршува и функциите:
- претседател на Заедницата на единици на локална самоуправа на Република Македонија;
- претседател на македонската делегација во Конгресот на локални и регионални власти (CLRAE) при Советот на Европа;
- член на Управниот Комитет на Ecos-Ouverture Програмата на Европската Комисија;
- член на Постојаниот мешовит Комитет за прекугранична соработка помеѓу Р Македонија и Република Грција;
- член на Управниот Комитет - Компонента 3 - од проектот на ЕК - Социоекономски развој од поголеми размери;
- на Парламентарните избори 2002 година, избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.
- член на Комисија за прашање на изборите и именувањата на Собранието на РМ;
- член на Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на РМ;
- Парламентарни избори 2006 година, иабран за пратеник во Собранието на Република Македонија
Наводи