Небесната Кула (англ. Auckland Sky Tower) е кула на аголот од улиците Викторија Ст. и Федерал Ст. во центарот на Окленд, Нов Зеланд. Висока е 328 м, од приземјето до врвот на јарболот, и со тоа е највисоката самостојна градба на јужната полутопка. Интересно е тоа што архитектот јавно се откажал од своето дело. Кулата е 12-та највисока членка на Светската федерација на големи кули. Оваа кула е дел од казино-комплексот SKYCITY Auckland сопственост на фирмата SKYCITY Entertainment Group.
Намени
Покрај забава, кулата служи за телекомуникации и пренос кои простории се наоѓаат на 48-миот спрат. Исто така тука неколку радио станици делат предавател. ТВ компанијата Канвест (во чија сопственост се каналите ТВ3 и Ц4) тука има спореден предавател—додека нивниот главен предавател е во Ваиатаруа. Горниот дел од кулата има два ресторана (од кои еден е вртлив) и разни нагледни платформи. Кулата има 600.000 посетители годишно или по околу 2 посетитела во минута.
Кулата исто така нуди банџи-скокање, т.н. SkyJump помогнато од кабел од висина од 192 м од една нагледна платформа на кулата.
Изградба
Пои две и пол години изградба, кулата била свечено отворена на 3 март, 1997, шест месеци порано од предвидениот рок [1] Архивирано на 6 јануари 2009 г.. При изградбата употребени се 15,000 кубни метри цемент, 2,000 арматура и 660 тони градежен челик. Јарболот тежи повеќе од 170 тони.
Одговорна за изведбата била фирмата Флечер Констракшн. Оваа фирма обезбедила координација, стуктурни, геотехнички, градежни, механички, електрични, водоводни услуги, како и осветлување и противпожарен систем.
Кулата е направена да издржува ветрови посилни од 210 км/ч и да издржува земјотреси низ период од 1000 години. Според анализите, земјотрес со епицентар на 40 раздалеченост и јачина од 7,0 на Рихтеровата скала не ѝ може ништо на кулата. Дури и земјотрес со јачина од 8,0 по Рихтеровата скала, што е речиси невозможно во овие краишта, не може да ја сруши кулата.
Наводи
Надворешни врски
Координати: [http:https://geohack.toolforge.org/geohack.php?pagename=%D0%9D%D0%B5%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%9A%D1%83%D0%BB%D0%B0¶ms=36_50_54.46_S_174_45_43.86_E_{{{9}}} 36°50′54.46″S, 174°45′43.86″E]