Национална библиотека на Полска

Националната библиотека на полска
Biblioteka Narodowa
Карта
Основана1928
МестоВаршава
Фонд
Обем8 800 000
Други информации
ДиректорТомаш Маковски
Службена страницаbn.org.pl
Карта


Националната библиотека на полска (полски: Biblioteka Narodowa [ˌbʲiblʲjɔˈtɛka narɔˈdɔva]) е централна полска библиотека. Библиотеката собира книги, списанија, електронски и аудиовизуелни публикации објавени на територијата на Полска, како и полоника објавени во странството. Тоа е најважната хуманитарна истражувачка библиотека, главната архива на полското писмо и дражавниот центар на библиогравските информации за книгите. Националната Библиотека на Полска е издавач на книги и научни списанија. Тоа добива копија од секоја книга објавена во Полска како задолжителен примерок.

Историја

Библиотеката е формирана во 18 век (Библиотека Залуски). Од 1780 година Библиотеката Залуски имала право да добие копија од секоја книга печатена во Полска во тоа време. Меѓутоа, збирката Залуски била конфискувана на руската царина Катерина 2 по вторo разделене на Полска и е испратена во Санкт Петербург, каде што книгите ја формирале масата на Руската Народна Библиотека. Делови од збирката биле уништени, а многу од нив биле и украдени.

Кога Полска ја обнови својата независност во 1918 година, немасе централна институција која ќе служи како национална библиотека.На 24 февриари 1928 година, со декретот на президентот Игнаци Мошчицки, Националната Библиотека е создадена во модерна форма. Таа беше отворена во 1930 година и првично имала 200 илјади тома. Нејзиниот прв генерален директор беше Стефан Демби. Првично Националната Библиотека немаше сопствено место. Поради тоа, колекциите мораа да бидат сместени на неколку места. Ново наменска зграда за Библиотеката бесе планирана во она што сега е Парк Поле Мокотовские. Сепак, нејзината изградба беше попречена од почетокот на втората светска војна.

Пред втората светска војна, библиотечните збирки имаа: • 6.5 милиони книги и списанија од XIX и XX век • 3000 старопечатени книги • 2200 инкунабули • 52000 ракописи • мапи, икони и музика Во 1944 година нацистите ги поставиле посебните збирки како дел од репресиите по Варшавското Востание. 80000 старопечатени книги, вклучувајќи и беценета полоника од 16 и 18 век, 26000 ракописи, 100000 цртежи и гравури, 50000 парчиња музика и театарски материјали беа уништени.

Националната библиотека повторно е отворена во 1945 година. Колекциите што претходно биле транспортирани во Германија и Австрија биле повторно вратени во Полска заедно со останатите делови од збирките Крашински и Пжездецки. Ракописите на Kazania świętokrzyskie, Psałterz floriański и Фредерик Шопен беа вратени од Канада во 1959 година.

Библиотеката моментално се наоѓа во комплексот на згради, кои биле изградени во 1962-1976 година.

Збирки

Тековните библиотечни збирки се едни од наголемите збирки во Полска, кои се состојат од над 8500000 предмети до крајот на 2016 година, меѓу кој има над 162000 тома кои датираат од пред 1801 година, над 26000 ракописи, како и над 120000 партитури, 485 000 цртежи и гравури.

Значајни предмети во збирката вклучуваат 151 лист на Codex Suprasliensis, кој бесе запишан во Регистарот на УНЕСКО во 2007 година, како признание за нејзиното наднационално и надрегионално значење. Во 2012 година, Библиотеката потпиша договор за додавање на 1,3 милиони полски записи во WorldCat.

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!