Слободен влез. Отворена за сите оние кои што сакаат да ги консултираат збирките што инаку не се достапен преку службата за јавна библиотека или академска библиотека.
Националната библиотека на Ирска (NLI; ирски: Leabharlann Náisiúnta na hÉireann) е националната библиотека на Република Ирска сместена во Даблин, во зграда проектирана од Томас Њуенхем Дин. Мисијата на Националната библиотека на Ирска е „да се соберат, зачуваат, промовираат и станат достапни документарните и интелектуалните записи од животот на Ирска и да се придонесе за обезбедување пристап до поголемата севкупност на запишано знаење“.[1]
Библиотеката е референтна библиотека и, како таква, не позајмува примероци надвор од нејзините простории. Има големо број на ирски документи кои можат да се користат без надомест; ова вклучува книги, мапаи, ракописи, музика, весници, периодичнии и фотографии. Во нивните збирки е вклучен материјал издаден од приватни, но и од државни издавачи.
Националната библиотека на Ирска е основана со Законот за Музејот за наука и уметност во Даблин од 1877 година, кој предвидува дека најголемиот дел од збирките во сопственост на Кралското друштво на Даблин треба да бидат доделени на тогашниот Оддел за наука и уметност за во корист на јавноста и на општеството и за целите на Законот[2].
Договорот од 1881 година предвидувал Библиотеката да работи под надзор на Советот од дванаесет доверители, од кои осум биле назначени од Друштвото и четворица од Владата; овој Договор, исто така, им ја доделил на поверениците должноста да ги назначуваат службениците на Библиотеката. Овој аранжман остана на сила сè додека библиотеката не стана автономна културна институција во 2005 година.
По основањето на Ирската слободна држава во 1924/5 година, библиотеката била префрлена на Одделот за образование под кој останала до 1986. Во 1927 година библиотеката добила статус на легален депозит според Законот за индустриска и трговска сопственост од 1927 година. Во 1992 година, библиотеката била префрлена на новоформираниот Оддел за уметност, култура а на 3 мај 2005 година станала автономна културна институција според Законот за националните културни институции од 1997 година.
Збирки
Главната збирка на библиотеката е комбинација на збирки пренесени од Кралското Даблинско друштво, подоцнежни набавки и депозити за авторски права на сите дела објавени во Ирска.
Законот за националните културни институции од 1997 година наложл Националната библиотека на Ирска да ги собере сите материјали што се однесуваат на Ирска за да обезбеди точна евиденција за ирското издаваштво и печатен материјал. Библиотеката има над 2785 предмети поврзани со ирската поезија ирски автори од 20 век.Во Националната библиотека на Ирска се собрани сите ракописи и дела на ирската поезија од ирски писатели.
Во 2010 година, Националната библиотека на Ирска започна со заеднички напор за ново мрежно место, Националната архива на ирски композитори, која била оформена за да развие бесплатна онлајн сеопфатна колекција на нотните записи на ирските композитори од 18 и 19 век.
Ирската книжевност спаѓа меѓу најзначајните и најстари во светот. Особено во дваесеттиот век најзначајните писатели и поети, кои извршиле суштински промени и влијанија во светската литература биле ирци. Националната библиотека во Даблин, не само што се вбројува во најголемите светски библиотеки туку таа по спојата специфика-отворена, со хронолошко поставување на книгите и документите на неколку отворени и достапни спратови спаѓа меѓу најзабележливите библиотеки и по концепт и по свое влијание врз населението.