Народно собрание
Народно събрание |
---|
50. Народно собрание |
|
Тип |
---|
Тип | |
---|
Историја |
---|
Основан | 10 февруари 1879 (1879-02-10) |
---|
Водство |
---|
Претседател | |
---|
Состав |
---|
Места | 240 |
---|
|
Политички групи |
- ГЕРБ-СДС (68)
- ПП-ДБ (39)
- Независни (39)
- Преродба (38)
- ДПС (22)
- БСП (18)
- ИТН (16)
|
---|
Мандат | 4 години |
---|
Избори |
---|
| пропорционална застапеност |
---|
Последни избори | 9 јуни 2024 |
---|
Следни избори | не порано од 2028 |
---|
Мото |
---|
Единството создава сила! |
Зборно место |
---|
|
Зградата на Народното Собрание во Софија |
Мрежно место |
---|
parliament.bg |
Народното собрание е државен орган, што ја врши законодавната власт во Република Бугарија. Според Трновскиот устав во Бугарија има Обично народно собрание и Големо народно собрание, а потоа зборот „обично“ отпаѓа од името на органот.
Народното собрание е единствен законодавен орган во Република Бугарија. Собранието се формира со третата глава на бугарскиот устав од 1991 г. (од чл. 62 до чл. 91). Во Република Бугарија НС е врховен претставнички орган на државната власт, што ја претставува волјата на народот и неговиот суверенитет. Се состои од 240 народни пратеници, а Големото народно собрание од 400 пратеници избрани на општо, рамно и преку избирачко право со тајно гласање за рок од 4 г. Од својот состав се избира претседател на парламентот, заменик-претседател на парламентот и парламентарни комисии. Народното собрание е постојано-дејствувачки орган. Собранието ја врши законодавната власт и парламентарната контрола. Народното собрание ги донесува, изменува, дополнува и менува законите, го донесува државниот буџет, ги определува даноците и нивниот размер, донесува одлуки за распишување на национален референдум, избира премиер и по негови предлози Министерскиот совет, создава и преобразува министерства (по предлози на премиерот), ги избира раководителите на Бугарската народна нанка и на други институции определени со законот, да одлучува за војна и мир, да одлучува за воена или друга вонредна состојба по предлози на претседателот или на Министерскиот совет, дава амнестија, распишува ордени и медали, одлучува за официјалните празници и така натаму. Народното собрание ги ратификува и донесува меѓународните договори предвидените во Уставот на Република Бугарија. Донесува закони, одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.
Парламенти
Собрание
|
Мандат
|
Број на пратеници
|
1 Големо народно собрание |
17.04.1879 - 26.06.1879 |
231
|
1 Обично народно собрание |
21.10.1879 - 24.11.1879 |
158
|
2 Обично народно собрание |
23.03.1880 - 18.12.1880 |
172
|
2 Големо народно собрание |
01.07.1881 |
307
|
3 Обично народно собрание |
10.12.1882 - 25.12.1883 |
47
|
4 Обично народно собрание |
27.06.1884 - 06.09.1886 |
195/286
|
3 Големо народно собрание |
19.10.1886 - 03.08.1887 |
493
|
5 Обично народно собрание |
15.10.1887 - 17.12.1889 |
285
|
6 Обично народно собрание |
15.10.1890 - 15.12.1892 |
276
|
4 Големо народно собрание |
03.05.1893 - 17.05.1893 |
577
|
7 Обично народно собрание |
15.10.1893 - 21.12.1893 |
145
|
8 Обично народно собрание |
15.10.1894 - 04.02.1896 |
149
|
9 Обично народно собрание |
01.12.1896 - 19.12.1898 |
159
|
10 Обично народно собрание |
16.05.1899 - 29.11.1900 |
169
|
11 Обично народно собрание |
22.02.1901 - 23.12.1901 |
166
|
12 Обично народно собрание |
22.04.1902 - 31.03.1903 |
188
|
13 Обично народно собрание |
02.11.1903 - 22.12.1907 |
189
|
14 Обично народно собрание |
15.06.1908 - 15.02.1911 |
203
|
5 Големо народно собрание |
09.06.1911 - 09.07.1911 |
414
|
15 Обично народно собрание |
15.10.1911-23.07.1913 |
213
|
16 Обично народно собрание |
19.12.1913 - 31.12.1913 |
204
|
17 Обично народно собрание |
20.03.1914 - 15.04.1919 |
257
|
18 Обично народно собрание |
02.10.1919 - 20.02.1920 |
237
|
19 Обично народно собрание |
15.04.1920 - 11.03.1923 |
232
|
20 Обично народно собрание |
21.05.1923 - 11.06.1923 |
245
|
21 Обично народно собрание |
09.12.1923 - 15.04.1927 |
267
|
22 Обично народно събрание |
19.06.1927 - 18.04.1931 |
275
|
23 Обично народно собрание |
20.08.1931 - 19.05.1934 |
283
|
24 Обично народно собрание |
22.05.1938 - 27.04.1939 |
160
|
25 Обично народно собрание |
24.02.1940 - 23.08.1944 |
160
|
26 Обично народно собрание |
15.12.1945 - 28.09.1946 |
279
|
6 Големо народно собрание |
07.11.1946 - 21.10.1949 |
465(375)
|
1 (27) Народно собрание |
17.01.1950 - 02.11.1953 |
239
|
2 (28) Народно собрание |
14.01.1954 - 11.12.1957 |
249
|
3 (29) Народно собрание |
13.01.1958 - 04.11.1961 |
254
|
4 (30) Народно собрание |
15.03.1962 - 08.12.1965 |
321
|
5 (31) Народно собрание |
11.03.1966 - 18.05.1971 |
416
|
6 (32) Народно собрание |
07.07.1971 - 09.03.1976 |
400
|
7 (33) Народно собрание |
15.06.1976 - 07.04.1981 |
400
|
8 (34) Народно собрание |
16.06.1981 - 21.03.1986 |
400
|
9 (35) Народно собрание |
17.06.1986 - 03.04.1990 |
400
|
7 Големо народно собрание |
10.07.1990 - 02.10.1991 |
400
|
36 Народно собрание |
04.11.1991 - 17.10.1994 |
240
|
37 Народно собрание |
12.01.1995 - 13.02.1997 |
240
|
38 Народно собрание |
07.05.1997 - 19.04.2001 |
240
|
39 Народно собрание |
05.07.2001 - 17.06.2005 |
240
|
40 Народно собрание |
11.07.2005 - 25.06.2009 |
240
|
41 Народно собрание |
14.07.2009 - 14.03.2013 |
240
|
42 Народно собрание |
21.05.2013 - 06.08.2014 |
240
|
43 Народно собрание |
27.10.2014 - 27.01.2017 |
240
|
44 Народно собрание |
19.04.2017 - 25.03.2021 |
240
|
45 Народно собрание |
15.04.2021 - 12.05.2021 |
240
|
46 Народно собрание |
21.07.2021 - 16.09.2021 |
240
|
47 Народно собрание |
03.12.2021 - 29.07.2022 |
240
|
48 Народно собрание |
19.10.2022 - 03.02.2023 |
240
|
49 Народно собрание |
12.04.2023 - 18.06.2024 |
240
|
50 Народно собрание |
19.06.2024 - |
240
|
Големо народно собрание
Големото народно собрание (ГНС) е претставнички државен орган во Бугарија. Се избира непосредно од избирачите од целата земја за решавање на важни државни и општествени прашања, како и донесување или менување на уставот, менување на територијата на државата, избирање на претседател, регенти и др. Како бугарска институција, ГНС е создадено со чл. 85 на Трновскиот устав, укинато е со уставот од 1947, потоа повторно е установено со промени во Уставот на Народна Република Бугарија во 1990.
Надворешни врски