Народен музеј Велес е музеј во градот Велес[1]Македонија. Л.У. Народен музеј Велес претставува културно просветна и научна установа чија примарна цел е музејската дејност на територијата на Општина Велес и општините Чашка и Градско. Музејот доследно ја остварува својата дејност согласно законските надлежности со целосна примена на одредбите од Законот за музеите и Законот за заштита на културното наследство. Во рамките на својата основна музејска дејност работењето на Музејот е насочено кон систематско истражување, собирање, откупување, средување, стручна и научна литература, обработка и проучување, конзервирање на движниот археолошки материјал, чување, објавување и презентација на музејскиот материјал и предмети од значење за археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста.
Историја
Народен музеј Велес е формиран на 24.03.1946 година, по иницијатива на Гимназискиот професор Ѓорѓи Милошев – Г. Г. Гаврил[2] и бил сместен во просториите на Гимназијата „Кочо Рацин“. Првата музејска постановка на Градскиот народен музеј, била отворена на 26.05.1946 година. Во 1955 година е основан Народниот музеј во Велес, а со значително збогатување на музејскиот фонд се појавила и потребата од поголем објект и во 1967 година, Музејот започнал да функционира во зградата на околискиот одбор која изградена во 1926 година, каде што се наоѓа и денес и располагала со богат музејски фонд, а меѓу познзачајните музејски експонати билеː Книгата „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ од 1816 година, „Еврејското учение“ од 1838 година, оригиналните ракописи на Ј.Х.К- Џинот, на Кочо Рацин, археолошки предмети од Стоби и др. Во февруари 1951 година Музејот станува Околиски и ја покривал територијата на цело Повардарие и Дојран. Во март 1953 година кога Музејот добил простории во центарот на градот во куќата на Пенини, околу 3.000 предмети се пренесени во сталната поставка, меѓу нив и Лапидариум, а дел предм етите со кои располагал музејот се однесени во МАНУ. По расформирањето на Околиите во 1965 година, Музејот станува Градски музеј на град Велес и е сместен во просториите во кој и денес се наоѓа.
Одделенија
Во склоп на музејот делуваат и функционираат одделенијаː археолошко, етнолошко, историја на уметност и историско со поставки на трите спрата во музејот.[3]
Исто така под јурсидикција на Музејот се и следниве надворешни единици: Спомен куќа на Коста Солев – Рацин, Спомен куќа на Васил Главинов, Спомен костурница на паднатите борци од Велес и Велешко во НОБ и Меморијалниот музејски комплекс во с. Горно Врановци. Исто така дадени на управување од Локална смоуправа се и Ликовниот салон, Куќата на Касапови и Куќата на Ј.Х.Џинот. Спомен собата на Петре Поп Арсов и спомен собата на поетот и револуционер Коле Неделковски во с.Војница се во надлежност на Општина Чашка, но поставките се подготвени од Музејот.
Археолошко одделение
Археолошкото одделение ги опфака периодите на праисторија, антика и среден век. Основната дејност на археолошкото одделение е истражување, прибирање конзервирање на движниот археолошки материјал, чување, објавување и презентација на музејскиот материјал и предмети од значење за археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста, презентација и публикација на археолошкиот материјал, кој континуирано е прибиран по пат на теренски истражувања (рекогносцирање и ископувања), подарок или откуп.
Историско одделение
Историската постаствка во музејот го опфаќа периодот од средината на 19-тиот век па сè до ослободувањето (09.11.1944) и изградбата на нашата држава Македонија, повоената изградба и економскиот развој на градот Велес. Збирката е претставена преку фотографии, документи, и предмети (оружје и воена опрема).[4]
Етнолошко
Етнолошката збирка содржи предмети кои го карактеризираат севкупното живеење во Велес и неговата околина. Збирката[5] е претставена преку предмети (народни носии,предмети за домаќинство,накит и др.) од Велес и неговата поширока околина. Во поставката може да се види реконструкција на стара селска просторија, и просторија од градска куќа.
Одделение на историја на уметноста
Во одделението на Историја на уметноста поставени се фотографии, макети и ликовни дела, цртежи и графики од ликовни уметници од Велес со карактеристичната стара градска архитектура на градот Велес. (На истиот спрат со одделението за Историја, како посебна просторија)
Градба
Зградата во која се наоѓа музејот е во централното грдско подрачје на улица 8-ми Септември Бр.22. Таа е цврста градба. Зградата каде што се музејските поставки била изградена 1926 година и била Општинска зграда. До 1967 била во сопственост на Околискиот одбор на град Велес а од 1967 е доделена за музејски објект.
Поставки
Музејот има 3 спрата кои се временски разграничени. Историја на уметноста, Археологија и Етнологија со поставки на трите спрата во музејот.[6] На првиот спрат е поставка од Археолошкото одделение со поставени артефакти од праисторијата до среден век. Изложени се различни предмети за домаќинство и орудија за работа пронајдени во времето на младо камено време, бронзеното, железното време, раната антика, римскиот период и ренесансата. На вториот спрат се поставките од историја и историја на уметност каде се поставени фотографии од историјата, старата велешка архитектура, оружје и други предмети. Најинтересна на овој спрат е поставката на оружјето од Илинденско востание. На третиот спрат е етнолошкото одделение.Таму се изложени поставките на селската и градската куќа, народни носии, накит и сл.