Напоредна анализа, позната и како Хорнова напоредна анализа, ― статистичка метода што е користена за одредување на бројот на компоненти што треба да бидат задржани во анализата на главната компонента или фактори што треба да бидат задржани во истражувачката факторска анализа. Името е по психологот Џон Л. Хорн, кој го создал методот, објавувајќи го во списанието Психометрика во 1965 година.[1] Методот ги споредува сопствените вредности створени од податочната матрица со сопствените вредности створени од матрицата на симулицијата „Монте-Карло“ создадена од случајни податоци со иста големина.[2]
Евалуација и споредба со алтернативи
Напоредната анализа е сметана за еден од попрецизните методи за одредување на бројот на фактори или компоненти што треба да се задржат.[3] Од нејзиното првично објавување, предложени се повеќе варијации на напоредна анализа.[4][5] Други методи за определување на бројот на фактори или компоненти што треба да се задржат во анализата вклучуваат одронскиот заплет, Кајзеровото правило или Велицеровиот МАП тест.[6]
Антон Форман обезбедил и теоретски и емпириски докази дека примената на напореднатаанализа можеби не е соодветна во многу случаи бидејќи нејзината изведба е под влијание на големината на примерокот, дискриминацијата на ставките и видот на коефициентот на корелација.[7]
Применување
Напоредна анализа е применета во JASP, SPSS, SAS, STATA и MATLAB[8][9][10] и во повеќе пакети за програмскиот јазик R, вклучувајќи ги и пакетите psych[11][12]multicon,[13]hornpa,[14] и paran.[15][16]
↑Horn, John L. (јуни 1965). „A rationale and test for the number of factors in factor analysis“. Psychometrika. 30 (2): 179–185. doi:10.1007/bf02289447. PMID14306381.
↑Zwick, William R.; Velicer, Wayne F. (1986). „Comparison of five rules for determining the number of components to retain“. Psychological Bulletin. 99 (3): 432–442. doi:10.1037/0033-2909.99.3.432.
↑Glorfeld, Louis W. (2 јули 2016). „An Improvement on Horn's Parallel Analysis Methodology for Selecting the Correct Number of Factors to Retain“. Educational and Psychological Measurement. 55 (3): 377–393. doi:10.1177/0013164495055003002.
↑Crawford, Aaron V.; Green, Samuel B.; Levy, Roy; Lo, Wen-Juo; Scott, Lietta; Svetina, Dubravka; Thompson, Marilyn S. (септември 2010). „Evaluation of Parallel Analysis Methods for Determining the Number of Factors“. Educational and Psychological Measurement. 70 (6): 885–901. doi:10.1177/0013164410379332.
↑Velicer, W.F. (1976). „Determining the number of components from the matrix of partial correlations“. Psychometrika. 41 (3): 321–327. doi:10.1007/bf02293557.
↑Tran, U. S.; Formann, A. K. (2009). „Performance of parallel analysis in retrieving unidimensionality in the presence of binary data“. Educational and Psychological Measurement. 69: 50–61. doi:10.1177/0013164408318761.
↑Hayton, James C.; Allen, David G.; Scarpello, Vida (29 јуни 2016). „Factor Retention Decisions in Exploratory Factor Analysis: a Tutorial on Parallel Analysis“. Organizational Research Methods. 7 (2): 191–205. doi:10.1177/1094428104263675.
↑O’connor, Brian P. (септември 2000). „SPSS and SAS programs for determining the number of components using parallel analysis and Velicer's MAP test“. Behavior Research Methods, Instruments, & Computers. 32 (3): 396–402. doi:10.3758/BF03200807. PMID11029811.