Мустафа Јашар (р. 19 август 1946 во Куманово - 1 април 2024 во Скопје[1]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Целиот свој работен век го минал во Турски театар - Скопје.
Животопис
Роден е на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работел како глумец во НУ Турски театар - Скопје. Учествувал во многу филмски и телевизиски проекти и одиграл повеќе од 100 улоги во Турскиот театар.
Претставите како „Алиш“ (1974), „Дервиш и смрт“ (1976), „Лудата Емине“ (1984), „Јунус Емре“ (1991), „Хамлет“ (1995), „Лудиот Ибрахим“ (1999), „Куќа на граници“ (2002), „Азизнаме“ (2005), се само неколку од неговите познати изиграни улоги.
Филмографија
Јашар има остварено бројни филмски улоги:[2]
Награди
- Награда за најдобра машка улога за улогата на ликот Креот во „Антигона“ на Античка драма „Стоби“ 2003
- Награда за епизодна улога „Димче Трајковски“ 2005
- Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ 2014
- Награда „Јуџел“ 2020
Наводи