Истанбулскиот музеј на играчката (турски: İstanbul Oyuncak Müzesi) е мал музеј посветен на детски играчки. Музејот е сместен во областа Ѓозтепе, Истанбул, Турција. Музејот бил основан од страна на турскиот поет и романописец, Сунај Акин, во 2005 година. На 23 април, националниот празник на Турција, бил отворен и музејот во истата година. Во моментот во него се наоѓаат околу 4.000 играчки по потекло од Турција и странство. Голем дел од експонатите датираат од пред двесте години.
Надворешни врски