Музеј Резан ХасRezan Has Müzesi |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Истанбул Турција" does not exist |
|
Основан | мај 2007 |
---|
Место | Чибали, Истанбул, Турција |
---|
Тип | археологија, култура, уметност |
---|
Мреж. место | rhm.org.tr |
---|
Музејот Резан Хас — приватен музеј кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Музејот е посветен на културата и уметноста. Резан Хас, сопруга на богатиот турски стопанственик Кадир Хас, го основал музејот во мај 2007 година. Музејот, сместен во историска зграда, се наоѓа во реонот Чибали во областа Фатих на јужниот брег на Златниот рог. Музејот е отворен за јавноста секој ден помеѓу 9-18 по месно време.
Музејот има многу невообичаена археолошка колекција и обезбедува простор за изложби во зградата на Универзитетот Кадир Хас[1][2].
Музејот се состои од цистерна која датира од 11 век, наречена „Каранлик чешме“ (во превод: „Темна фонтана“), која е една од ретките византиски градби надвор од Цариградските ѕидини покрај Златниот Рог. Друг важен дел од музејот е хамамот од 17 век од отоманската ера, кој се наоѓа на врвот на цистерната. Музејот има археолошки, културни и уметнички изложби[3][4].
Наводи
Надворешни врски