Музеј Пикасо (Париз)

48°51′35.03″N 2°21′44.78″E / 48.8597306° СГШ; 2.3624389° ИГД / 48.8597306; 2.3624389

Музеј Пикасо
Градината на музејот Пикасо
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Paris" does not exist
Карта
Основан1985
МестоHôtel Salé, 5 rue de Thorigny, Paris
Координати48°30′47″N 2°12′50″E / 48.513° СГШ; 2.214° ИГД / 48.513; 2.214
ТипЛиковен музеј, Галерија, Културно наследство
Посетеност501.060 (2006)[1]

470500 (2007)[1]
342750 (2008)[1]

249775 (2009)[1] ·[N 1]
Јавен превозСен ПолСен-Себастјан-Фроасар
Мреж. местоmuseepicassoparis.fr

Музејот Пикасо во Париз е француски национален музеј посветен на животот и делото на сликарот Пабло Пикасо и уметниците кои биле поврзани со него. Музејот се наоѓа во III округ на Париз, сместен во зградата на Хотелот Сале и истиот ја поседува најобемната колекција на делата на овој истакнат сликар од шпанско потекло кој живеел и творел во Париз.

Историја

Од Хотелот Сале до Музејот Пикасо

Грбот на Обер на фронтонот на хотелот Сале.

Пјер Обер де Фонтене на 16 мај 1656 за 40 000 ливри купил земјиште од 3 700 м2 кое се наоѓа северно од улицата Перл со цел да изгради замок. Како архитект одбрал млад непознат човек, Жан Булие од Бурж. Тој припаѓал на семејство градители а неговиот прадедо претходно веќе бил во служба на семејството на Пјер Обер де Фонтене. Хотелот Обер де Фонтене, го нарекувале Солениот хотел (на француски, хотел Сале), во спомен на потеклото на богатството на сопственикот, одговорен за собирањето на данокот за сол — солен данок. Три години подоцна, во последните денови на 1659, работата била завршена и Пјер Обер бил во можност да се насели во неговиот нов хотел. Резбаната декорација им била доверена на браќата Гаспар и Балтазар Марси и Мартин Дежарден. Во 1660 година, Пјер Обер де Фонтене купил повеќе објекти низ Париз, меѓу кои и зградата на Театарот Маре каде во 1634 до 1673 Корнеј ги создал своите први драми. Богатиот Де Фонтене потоа пропаднал и во 1663 му бил одземен имотот. По пропаста на Пјер Обер де Фонтене, овој раскошен хотел го посакувале повеќе доверители што резултирало во постапка која траела шеесет години[2].

Од крајот на 17 век до 20, хотелот доживувал разни судбини. Во 1964 година, градот Париз го купил хотелот, која е класифициран како историски споменик на 29 октомври 1968 година[3]. Од 1974 до 1984 година, хотелот бил реновиран и обновен. Во 1974 паднала одлуката во хотелот да се постави колекцијата на Пикасо. Во 1976 на конкурс било одлучено Ролан Симуне да се го адаптира во музејот враќајќи му го на хотелот неговиот оригинален изглед. Архитектот морал да ја почитува зградата со историски карактер, обезбедувајќи простор за презентација и чување на делата, прием на посетители. Декоративните елементи, лустери, клупи, столчиња, маси, биле специјално создадени за музејот од страна на Диего Џакомети. Музејот бил отворен за јавноста во 1985 година[4].

Последователни сопственици

Хотел Сале, денес Музеј Пикасо, поглед од страна на градината

Зградата има неколку познати сопственици, меѓу кои и амбасадорот на Венеција (помеѓу 1668 и 1688), и потоа, по 1688, Франсоа де Нефвил, војводата од Вилроа, миленик на Луј XIV Луј[5].

Хотелот потоа бил ставен на продажба и поминал во сопственост на Никола Ле Ками (прв претседател на Судот за помош), во 1728, а потоа му бил препродаден на Филип Тиру де Шамевил, во 1756. По неговата смрт, во 1771, хотелот го наследиле негова ќерка и зетот, Луј Леклерк, маркизот де Жиње. Запленет во тек на Француската револуција, зградата на хотелот станала национално книжевно складиште во која се собрани книгите од околните манастири. Потоа, куќата била продадена од граѓанинот Роберт Морел на граѓанинот Луј Никола Обри, кој ја продал во 1798 на граѓанинот Русиј Моренвил. На 27 февруари 1916, починала госпоѓицата Мари-Луси Русиј, родена во 1848 година. Таа била единствената наследничка на целиот имот на Русиј. Хотелот, по нејзина волја останал во наследство на внукот Гаврил Ламуру. Габриел Ламуру умрел на 3 ноември 1962 година а на 24 март 1964 година, неговите наследници биле повикани на Суд, во Париз, за да ја слушнат одлуката за експропријација на хотелот. Градот сакал да создаде музеј за костими. Одлуката на судот, оспорената од оние на кои им бил одземен имотот, била потврдена на 3 февруари 1966[6].

Градот Париз не го основал планираниот музеј за костими, туку, по смртта на Пикасо, хотелот Сале го дала во сопственост на државата за во него да се инсталира музејот посветен на уметникот.

Фасада

Архитектура

Тремот излегува во полукружен лесно овален двор. Левата страна е градба во trompe-l'oeil. Патеката кон десното крило дава пристап до помал двор, каде порано биле сместени шталите и кујните, директно водејќи до улицата Кутир-Сен-Жерве. Еден ходник ги поврзувал кујните со централниот дел на куќата.

Ентериер.

Главната фасада вклучува еден спрат и таван над приземјето, со првата издаденост која има фронтон со грбот на Обер (глави на кучиња), и втората издаденост со еден централен распон. Од страната на градината, фасадата е најголема во областа Маре. Во главниот дел на куќата има внатрешни скали. Неколку уметници придонеле за декорацијата на хотелот.

Музејот

Хотелот Сале, целосно бил обновен. Музејот Пикасо го дизајнирал архитектот Ролан Симуне и истиот бил инаугуриран во 1985. Тој ја содржи најбогатата колекција на делата на уметникот во светот и ги опфаќа сите негови периоди.

Постојана колекција

Фасада на музејот индексиран како споменик на културата

По неговата смрт, Пикасо оставил околу 40 000 дела во различни својства[7]. Наследниците донеле во прво време 203 слики, 158 скулптури, 16 колажи, 29 релјефни слики, 88 парчиња керамика, 1500 цртежи, 1600 отпечатоци и ракописи.

Скалите на честа во холот на хотелот Сале

Личната колекција на Пикасо, која ја правел за време на неговиот живот во собирање на делата на неговите пријатели (Брак, Матис, Миро, Дерен...), на мајсторите на кои тој се восхитувал (Сезан, Ле Дуанје Русо, Едгар Дега, Џуџето...) Првите дела, биле дадени на француската држава во 1978 година да бидат претставени во музејот Лувр. Оваа колекција природно се приклучила на фондот на Музеј Пикасо. Во 1990 година, по смртта на Жаклин Рок, во 1986 година, сопругата на Пикасо, музејот добил нова донација. 47 слики, 2 скулптури, четириесет цртежи, керамика, резби, како збогатување и надополнување на оригиналната колекција. Конечно, во 1992 година, личната архива на Пикасо била донирана на државата. Со своите илјадници документи и фотографии кои ги опфаќаат живот на Пикасо, тие придонесуваат музејот да стане главниот центар на студија на животот и делото на уметникот. Декоративни елементи во рамките на изложбените сали на музејот, лустери, клупи, столчиња, маси, биле специјално создадени за потребите на музејот од страна на Диего Џакомети. Музејот има колекција која содржи 4 609 дела изложени во моментов [8] од вкупно 4 949 уметнички дела[9], од кои 4 862 се на Пикасо, во прилог на 17 623 фотографии, 384 филмови, 11 000 книги, од кои 89 се илустрирани од Пикасо и 200 000 записи.

Црна хроника

Кражба на книга со цртежи, чија вредност се проценува на 8 милиони евра, се наоѓаат во музејот на 9 јуни 2009 година.

Пикасо Музеј

Реновирање

Националниот Музеј Пикасо бил затворена за јавноста за големо реновирање и проширување, додека неговото повторно отворање било во октомври 2014 година[10].

Периодот на проучување, експертиза, техничка обука и административната работа, започнал во септември 2011 година. Проектот за обнова, модернизација и реструктуирање на архитектурата на Хотелот Сале им била доверена на архитектите Жан-Франсоа Боден (Bodin & Associés) и Стефан Туен, главен архитект за историски споменици. Овој проект тројно ја зголемил површината посветена на колекциите и организирање на повремени изложби. При повторното отворање на музејот, колекциите се збогатиле за повеќе од 500 дела на Пикасо кои можат да бидат презентирани на четири ката на зградата. Обновениот музеј во Париз бил отворен на 25 октомври 2014 година од страна на претседателот на Република, Франсоа Оланд.

Постојана музејска поставка

Меѓународна турнеја

Во текот на времетраењето на реновирањето, колекција на дела од музејската поставка е дадено во контекст на големи меѓународни изложби организирани од страна на музејот под наслов : "Ремек-дела од националниот Музеј Пикасо во Париз ". Овие изложби, му обезбедиле 31 милиони евра во музејот[11].


Белешки

  1. Затворен од септември до декември

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 www.data.gouv.fr/donnees/view/Fr%C3%A9quentation-2006-2010-des-Mus%C3%A9es-de-France---Ile-de-France-30382387?xtmc=FR%C3%89QUENTATION+2006-2010+DES+MUS%C3%89ES+DE+FRANCE&xtcr=2[мртва врска]
  2. Sources : La famille Aubert de Vincelles, par le comte Guy Aubert de Vincelles.
  3. « Ancien hôtel Aubert de Fontenay ou Salé, actuellement musée national Picasso », notice no PA00086157, base Mérimée, ministère français de la Culture
  4. „PRACTICAL INFORMATION - Musée national Picasso-Paris“. Musée national Picasso-Paris (англиски). Посетено на 2018-12-02.
  5. « La légende Picasso et son musée », sur picasso.fr (consulté le 2 avril 2018).
  6. Sources : testament de mademoiselle Marie-Lucie Roussille ; ordonnance du tribunal de grande instance de la Seine (documents en possession de Gustave Heraud, gendre de Gabriel Lamouroux).
  7. Les carnets inédits de Picasso, Le Figaro, 02/12/2010, Eric Bietry-Rivierre, site lefigaro.fr.
  8. Collection en ligne du musée Picasso, site navigart.fr
  9. „Navigart“. www.navigart.fr. Посетено на 2018-12-02.
  10. Le musée Picasso rouvrira finalement en septembre site www.lemonde.fr, 4 mai 2014
  11. Claire Bommelaer, « Le musée Picasso cherche une ouverture », Le Figaro, encart « Culture », vendredi 2 mai 2014, pages 24-25.

Поврзани Статии

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!