Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Paris" does not exist
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Музејот Орсе е музеј во Париз, на реката Сена отворен во 1986 г. Во истата зграда претходно била сместена железничката станица Гар д'Орсе. Музејот има поставка од француската уметност од 1848.-1915 година, вклучувајќи слики, скулптури, мебел и фотографии. Најпознат е по големата колекција на ремек-дела на импресионистите: сликите на Моне, Дега, Реноар и Сезан.
Историја
Зградата на музејот оригинално била железничка станица, Гар д'Орсе, изградена во 1900 година, од која поаѓале возовите во правец на Орлеан. Во 1977 година започнала реконструкцијата и нејзината пренамена во музеј, која била завршена во 1986. Музејот сега има 20.000 м² импресивен изложбен простор на четири ката.
Музејот се наоѓа на местото на палатата Орсе, изградена во 1810 година и украсена со фрески на Теодор Шасерио[3], каде во 1840 година се наоѓал Државниот совет, на приземјето. Палатата била опожарена во 1871 година за време на Париската комуна и оставена во урнатина сè до изградбата на железничката станица Гар д’Орсе пред Светската изложба во 1900 година.
Западната тераса била изградена во 1985 година и има многу статуи чија група наречена Статуи од 6 континенти, првично била поставена на терасата на Трокадеро палатата за време на Светската изложба на 1878[4].
Музејот Орсе кој дотогаш бил железничката станица за првпат бил отворен на 9 декември 1986 година. За да се овозможи неговата трансформација во музеј на уметноста на 19 век, по волјата на претседателот Валери Жискар Дестен, зградата била преправена 1983-1986 од страна на архитектите Рено Бардон, Пјер Колбок и Жан-Пол Филипон, победници на архитектонскиот конкурс кој се одржал во 1979 година, подоцна им се приклучил и италијанскиот архитект Гае Ауленти.
Ноќта на 6 октомври 2007 година, за време на Белите ноќи, непознати лица во музејот сериозно оштетиле една слика од Клод Моне, Мостот на Аржентеј (француски: Le Pont d'Argenteuil), од 1874 година. Сликата потоа била реконструирана.
Збирка
Сликарство
Музејот Орсе ја чува најголемата колекција на слики на импресионистите (над 480 платна)[5] и постимпресионисти (повеќе од 600 слики од нео-импресионистите, симболистите, набис итн) во светот, како и група слики од школата на Барбизон, реалистични, натуралистички, ориенталистички и академски, вклучувајќи и странски школи. Речиси 5.200 слики ја сочинуваат музејската збирка, но голем број дела, околу 1.720 слики, вклучително и околу 100 за кои не се знае каде се или се уништени, се депонирани во јавни згради или провинциски музеи.
Поважни слики
Гистав Корбе — Студиото на уметникот, Седнат млад човек, Потеклото на светот
Клод Моне — Станицата Сен Лазар, Улицата Монторгеј во Париз. Прослава на 30 јуни, 1878, Ефект на ветрот, Series of The Poplars, Rouen Cathedral. хармонија во сино, Blue Water Lilies