Мудреци од исток, библиски магови или светитетројца мудреци — мудреци што дошле да се поклонат на Исус во мигот кога тој се родил. Според Евангелието по Матеј, тие дошле источно од Ерусалим и ја следеле ѕвездата што блескала над Витлеем. Во Ерусалим мудреците биле испратени од страна на царот Ирод, кој сакал да му кажат каде се родил Исус за да може да го убие. Кога го пронашле, му подариле три подароци: темјан, злато и миро (светено масло). По ова, Господ им наредил да не се враќаат во Ерусалим, туку да си одат во нивните земји.
Новиот завет не ги дава имињата на мудреците. Подоцнежните преданија им припишуваат разни варијанти на имињата, со разни тези за нивното потекло. Најзастапени се:
По смртта на мудреците, нивните мошти биле однесени во Цариград по кое истите биле пронајдени од страна на Света Елена. Во следните векови истите биле пренесени најпрвин во Милано, а подоцна и во Келн каде што се наоѓаат и денес. Мелхиор е заштитник на патниците, а Валтазар заштитник на болните од епилепсија.
Во западната традиција
Во западното христијанство, тие се сметаат за светци. Постои традиција дека се сметаат за владетели на краиштата од каде што доаѓаат, и се нарекуваат „Свети три крала“ или „Свети магови“.
Мудреците од исток како мотив во уметноста
„Наместо заклучок“ (српски: Уместо закључка) — расказ на српскиот писател Радослав Петковиќ од 1998 година.[1]
Наводи
↑Radoslav Petković, Čovek koji je živeo u snovima. Beograd: Laguna, 2020, стр. 93-116.