Монада (од грч. μονάς, монас = „единица“),[2], според Питагорејците, е поим за Бог или првичното исконско битие, или пак севкупноста на сите битија. Тука се мисли на изворот на нештата (прапочетокот) или Едното, кое е нешто неделиво.
Според Питагорејците, создавањето на бројни низи е поврзано со геометриските објекти (фигури, тела) и космогонијата.[3] Според Диоген Лаертиј, од монадата произлегла дијадата; од неа, броеви; од броевите, точки; потоа линии, дводимензионални ентитети, тридимензионални ентитети, тела, кулминирајќи со четирите елементи земја, вода, оган и воздух, кои пак се ‘граѓата’ од кои е направен сиот свет.[4][5]
↑Sandywell, стр. 205. Создавањето на бројните низи за Питагорејците, со други зборови, претставува создавање на објекти во геометријата, но истовремено и космогонија. Бидејќи нештата се еднакви на броеви, првата единица, при создавањето на бројните низи, истовремено го создава и физичкот универзум. (KR: 256) По ова гледиште, ‘монадата’ или ‘Едното’ веднаш се поистоветувала со божествениот постанок (потекло) на стварноста.
↑Оваа питагорејска космогонија е во извесна смисла слична со краткиот пасус таоистичката книга „Дао де ѓинг“ на Лао-це: „Од таото добиваме едно, од едното добиваме две, од двете добиваме три, и од три добиваме десет илјади нешта.“ (道生一、一生二、二生三、三生萬物。) Тао Те Кинг, Глава 42