Мирослава Николоска (моминско: Николова; 30 октомври 1950 во Скопје) — македонски психолог и универзитетска професорка на Педагошкиот факултет во Скопје.[1]
Животопис
Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1974 година), каде што магистрирала (1987 година). Докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1996 година). Во 1977 година е избрана за асистент на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, а 1987 година работи на Педагошката академија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде што е редовен професор од 2000 година. Учествувала на повеќе домашни и меѓународни научни и стручни собири, а била и координатор на неколку меѓународни проекти во областа на образованието. Автор е на повеќе научни и стручни трудови од областа на психологијата на личноста, моралниот развој и психологијата на образованието.
Наводи