Министерството за јавна администрација или скратено МЈА, министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за Јавна Администрација е Горан Минчев.
Надлежности
Надлежностите на министерството се[3]:
- -создавањето и водењето на регистар на информациските и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
- -интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
- -следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди;
- -телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
- -радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
- -законското уредување на прашањата во врска со администрацијата;
- -надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници;
- -развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници;
- -класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници;
- -водењето Регистар за државните и јавните службеници;
- -подготвувањето стратешки документи за ефикасното и делотворното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката;
- -развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси;
- -реформата во јавната администрација;
- -остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност и
- -врши и други работи утврдени со закон.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски