Министерство за регионален развој и инфраструктура на Грузија
|
რეგიონული განვითარებისა და ინფრასტრუქტურის სამინისტრო
|
|
Грбот на Грузија
|
|
Податоци за органот
|
Основан
|
2 февруари 2009
|
Надлежност
|
Влада на Грузија
|
Седиште
|
Авенија Казбеги бр. 12, Тбилиси, Грузија 0134
|
Годишен буџет
|
955 милиони ₾ (2015)[1]
|
Раководител
|
Иракли Карселаѕе (од 22 февруари 2021) (Министер за регионален развој и инфраструктура на Грузија)
|
Мрежно место
|
www.mrdi.gov.ge
|
Министерство за регионален развој и инфраструктура на Грузија (грузиски: საქართველოს რეგიონული განვითარებისა და ინფრასტრუქტურის სამინისტრო, sakartvelos regionuli ganvitarebisa da inprastrukturis saministro) — владин орган во рамките на Владата на Грузија задолжена за регионален и инфраструктурен развој, регулирање на активностите во секторот на Грузија. Во мигов, министерството го води Иракли Карселаѕе.[2]
Историја
Министерството е основано врз основа на претходната владина агенција наречена Државно Министерство за прашања на регионално управување на 2 февруари 2009 година во согласност со член 81 (2) од грузискиот устав и законот за структурата, овластувањата и редот на активностите на Владата на Грузија. Била укината посебната државна агенција Обединета транспортна управа и Одделот за патишта и нејзиниот делокруг на активности се префрлил на новоформираното министерство.[3] Министерството се финансира од државниот буџет.[4] Давит Ткешелашвили бил првиот министер кој ја извршувал оваа функција.[5]
Структура
Министерството го надгледува регионалниот и инфраструктурниот развој во целата земја, кој вклучува модификација и модернизација на државните патни мрежи од меѓународно и домашно значење. Тоа е исто така задолжено за активностите за следење на архитектонските и градежните работи во Грузија. Министерството издава предлози и нацрти за модернизација на грузиската инфраструктура кои потоа се разгледуваат од Парламентот на Грузија. Агенцијата е составена од Канцеларијата на министерот, Административното одделение, Одделот за генерална инспекција, Одделот за правна поддршка и реформи, Одделот за регионален развој, Одделот за односи со јавноста, мобилизација и Канцеларијата за координација на подготовка на војската, Канцеларијата за меѓународни односи, како и нејзините поделби (Оддел за автомобилски патишта во Грузија, транспортна администрација и главна архитектонско-градежна инспекција.[4]
Поврзано
Наводи