Министерството за правда е едно од министерствата во Владата на Македонија.Актуелен министер за правда е Игор Филков.
Надлежности
Надлежностите на министерството се[2]:
- - судството, јавното обвинителство, јавното правобранителство;
- - државната управа;
- - кривичната одговорност и одговорноста за прекршоци;
- - нотарските работи, адвокатурата и други видови правна помош;
- - наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи;
- - меѓународната правна помош;
- - извршувањето на санкциите за кривични дела и прекршоци;
- - организацијата и управувањето со казнено-поправните и воспитно-поправните установи;
- - амнестијата и помилувањето;
- - судските вештачења, експертизи и супер-вештачења;
- - изборниот систем, водењето евиденција на избирачкото право;
- - кривичната, прекршочната, парничната, вонпроцесната, извршната и управната постапка;
- - управниот надзор;
- - вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа и
- - врши други работи утврдени со закон.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски