Министерство за народна просвета и пропаганда

Зградата на министерството (1936)
Најголемата зграда на министерството во 1939 г.

Министерство за народна просвета и пропаганда (гер. Reichsministerium für Volksaufklärung und Propaganda или Propagandaministerium) — министерство во Третиот Рајх кое ја ширело и спроведувало идеологијата на Националсоцијалистичката партија во Германија и раководело со културата и општеството. Основано е на 13 март 1933 г. во рамките на новата националсоцијалистичка влада на Адолф Хитлер. На чело на министерството стоел Јозеф Гебелс со надлежност да врши надзор и контрола врз печатот и културата во земјата.

Министерството било сместено во Дворецот на Болничкиот ред (Ordenspalais) на тогашниот плоштад Вилхелмплац спроти Рајхсканцеларијата во центарот на Берлин.

Улога во државата

Пропаганден плакат на холандски: „Холанѓани, на ваша чест и совест! — против болшевизмот. Војската на СС ве повикува!“

Со доаѓањето на власт, НСДАП го основале министерството речиси веднаш. Министерството било задолжено за спроведување на националсоцијалистичкото учење меѓу народот. Со избивањето на Втората светска војна, важноста на министерството уште повеќе се зголемила.

Втората светска војна се водела со пропаганда на многу повисоко ниво отколку во Првата, особено служејќи се со новите медиуми: филмот и радиото. Пропагандата била добро испланирана и изорганизирана благодарение на практичното искуство и научната посветеност на пропагандата во Европа и САД. Со ова започнал и нов вид на психолошко војување.

Во сроден филм, Еберхард Тауберт ја основал Антикоминтерната, матична организација на сите германски антикомунистички групи. Од 1939 ја предводел организацијата „Антисемитистичко дејство“ (Antisemitische Aktion) и работел на сценариото за филмот Вечниот Евреин.

Организација

Модел на „Народен приемник

Низ времето министерството постепено растело. Во 1933 почнало со пет одделенија и 350 вработени, но во 1939 имало 2000 вработени, и тоа во 17 одделенија. Помеѓу 1933 и 1941 г. буџетот на министерството се зголемил од 14 на 187 милиони рајхсмарки. Под водство на Јозеф Гебелс служеле тројца државни секретари:

  • Државен секретар I – Валтер Функ (1933 – 1937), Ото Дитрих (1937 – 1945)
    • Германски печат
    • Странски печат
    • Весници
  • Државен секретар II – Карл Ханке (1937 – 1940), Леополд Гутерер (1940 – 1944), Вернер Науман (1944 – 1945)
    • Буџет
    • Право
    • Пропаганда
    • Радио
    • Филм
    • Лични работи
    • Одбрана
    • Меѓународни работи
    • Драмска уметност
    • Музика
    • Книжевност
    • Ликовна уметност
  • Државен секретар III – Херман Есер (1935 – 1945)
    • Туризам

Пропаганда

Министерстово се служело со сите расположливи медиуми. Во непосредна надлежност на министерството биле и плакатите, весниците, разните книжни изданија и уметничките дела.

Владата често одржувала и емитувала говори. По првиот говор на Хитлер во својство на канцелар, Гебелс забележал: „Говорот ќе биде од голема пропагандна вредност...ќе се користи, ќе се прикажува во киносалите уште многу години...каков дострел.“ Пред да го одржи говорот, Гебелс го најавил Хитлер и ја искористил приликата за да ја истакне важноста на пропагандата: „Се чини дека нема добра власт без добра пропаганда, ниту пак добра пропаганда без добра власт. Но не треба да се лаже! Никогаш не смееме да лажеме! Евреите се тие што треба да платат за тоа што го лажеа нашиот народ!” Веројатно најзапаметениот во Втората светска војна е производ на Министерството за пропаганда — Гебелсовиот говор во „Шпортпаласт“ одржан по претрпениот пораз во Сталинградската битка, со намера да добие масовна поддршка кај народот за „тотална војна“[1]. Хитлер држел говори и на радио, но овие нр биле толку впечатливи како кога говорел пред жива публика (на пр. на Нирнбершките собири).

Во добро познатиот исказ, Гебелс се изјаснил: „Радиото го сметам за најсовремената и најклучната алатка за влијаење врз масите..“. Националсоцијалистите максимално го користеле потенцијалот на радиото. Производителите на радиоапарати добивале дотации од владата за да произведуваат евтини апарати наречени „народни приемници“ (Volksempfänger). Овие приемници биле изработени така што не фаќале странски емисии од идеолошки спротивставени земји. Покрај ова, слушањето на негермански радиостаници било кривичен престап. Во екот на Втората светска војна, ова било казниво дури и со смрт.

Поврзано

Националсоцијализам
Кукест крст
Кукест крст

Наводи

  1. Гебелс, Јозеф (2007). „Кризата на Исток и тоталната војна“. Во Олга Русимова (преведувач) (уред.). Политички говори (I. изд.). Скопје: Ѓурѓа. ISBN 9789989920974.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!