Министерството за култура (кинески: 文化部; пинјин: Wénhuàbù) — министерство на владата на НР Кина одговорна за раководењето со културните работи и збидувања во земјата. Меѓу останатите надлежности спаѓаат државните музеи и споменици, застапување и заштита на уметностите (ликовни, фолклорни, драмски, музички, сценски, архитектонски, книжевни, ТВ и филмски) и нивно промовирање надвор од земјата. Оваа установа е одговорна и за раководење со државните архиви и обласните културни центри.