Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или скратено МЗШВ, е едно од министерствата во Владата на Македонија.
Надлежности
Надлежностите на министерството се[3]:
- - земјоделството, шумарството и водостопанството;
- - користењето на земјоделското земјиште, шумите и другите природни богатства;
- - ловот и риболовот;
- - заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници;
- - следењето и проучувањето на состојбите со водите, одржувањето и подобрувањето на режимот на водите;
- - хидромелиоративните системи;
- - хидролошките и агрометеоролошките мерења, како и противградобијната заштита;
- - проучувањето и истражувањето на метеоролошките, хидролошките и биометеоролошките појави и процеси;
- - надзорот од негова надлежност и
- - врши други работи утврдени со закон.
Организациска структура
Министерството е составено од 18 сектори, кои се поделени на неколку оддели. Секторите на министерството се[4]:
- Сектор за внатрешна ревизија - независна единица
- Сектор за финансиски прашања
- Сектор за прекршоци
- Сектор за нормативно правни работи
- Сектор за човечки ресурси
- Сектор за анализа на земјоделска политика
- Сектор за координација и техничка помош на кабинет на министер
- Сектор за меѓународна соработка
- Сектор за ЕУ
- Сектор за лозарство, винарство и овоштарство
- Сектор за земјоделство
- Сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи
- Сектор за шумарство и ловство
- Сектор за рурален развој
- Сектор за информатичка технологија
- Сектор за координација на подрачни единици
- Сектор за регистрирање и управување со земјоделско земјиште
- Сектор за шумска полиција без статус на државен службеник
Наводи
Поврзано
Надворешни врски