Министерството за дигитална трансформација или скратено МДТ — министерство во Владата на Македонија. Актуелен министер за дигитална трансформација е Стефан Андоновски.
Надлежности
- Надлежностите на министерството се[3]:
- развојот и промоцијата на информатичкото општество;
- технолошкиот развој и технолошката култура;
- подготвување на стратешки документи од областа на дигитализацијата;
- организирање и спроведување на обуки за дигитални вештини;• безбедност на мрежи и информациски системи;
- дигитализација на јавните услуги;
- администрирање со интегрирана база на лични податоци на населението на Републиката и соодветните книги за евиденција;
- креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
- интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информации, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
- следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународнистандарди;
- телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
- радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
- остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност;
- надзор од негова надлежност
- врши и други работи утврдени со закон.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски