Миле Стојанов Андоновски (20 октомври 1923 во Брезово, Демирхисарско — 3 септември 1944 во Кичево) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
Миле Стојанов Андоновски е роден во селото Брезово. По занимање бил земјоделец. Во НОБ пристапил на 10 август 1944 година. Бил борец во составот на Првата македонска бригада, учествувал во борбите што се воделе кај Врбјани, Бакарно Гумно, Сливово и Кичево. Загинал на 3 септември 1944 во Кичево.[1]
Наводи
- ↑ . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. CS1-одржување: друго (link)