Четворошинската расположба на дел од линијата — помеѓу Вембли Парк и Мур Парк — дава можност за експресен сообраќај до периферни населби. Бејкер Стрит е последна станица за многу возови, но други го завршуваат патот во Сити и до Олдгејт.
Историја
Почетоците на Метрополската линија лежат во воспоставувањто на Северната Метрополска Желеница (North Metropolitan Railway) во 1853, првичното име на Метрополската Железница, овластена со Метрополската реонска железница да сочинат Внатрешен круг на железници во Лондон. Првиот дел одел од Падингтон до Фарингдон Стрит (денес Фарингдонска станица) во јануари 1863; работата на железницата започнала од февруари 1860 со тунилерање по метод на прокопување и покривање. Ова создало огромен сообраќаен метеж во Лондон: за време на работата локалната канализација пукнала, поплавувајќи го тунелот.
Друга голема промена се случила во 1988, кога Хамерсмит и Сити и Источнолондонската линија — кои веќе биле добро дефинирани со своите засебности — биле одделени од Метрополската линија за засебен сообраќај. Сега Метрополската линија се состои од нејзиното северен дел од Бејкер Стрит, натаму. Метрополската и Источнолондонската линија користат едни исти возови и се физички поврзани, но немаат размена на патници.
Во 1998, Метрополската линија била делумно приватизирана во конроверзно јавно-приватно партнерство. Денес е дел од групацијата „Sub-Surface Railways“, управувана од Метронет конзорциумот заедно со Метрополска линија Кружна, Хамерсмит & Сити и Дистрикт.
Метрополската линија изврпила огромно влијание на подземните железници ширум светот. Париското метро по својот полн назив Chemin de fer métropolitain е именувано по Метрополската линија. Ова е воедно и потеклото на самиот збор метро.
Возови
Моменталните шински возила во употреба на Метрополската линија се метро-возови А изработени од Крејвенс во Шефилд, кои оваа линија ги дели со Источнолондонската линија. Сообраќајот на Метрполската линија обично се одвива во единици од четири вагона во парови, правејќи вкупно осум вагони, но Чешамскиот шатл и Источнолондонската линија ги опслужуваат возови од четири вагона. Метро-возовите А биле направени во 1960-тите и сега се најстарите возови на лондонското метро.
Од поскоро време сообраќа и воз од новата класа метро-возови S.
Од поскоро време сообраќа и воз од новата класа S.
Метрополската се двои од Кружната/Хамерсмит и Сити веднаш источно од станицата Бејкер Стрит, каде линиите користат засебни перони, под агол од околу 45 степени од пероните на Кружната/Хамерсмит & Сити линијата.
Бејкер Стрит (највеќето возови тргнуваат северно од овде)
Помеѓу Финчли Роуд и Вембли Парк линијата оди по надворешноста на Јубилејната линија. Две станици од оваа линија - Вилсден Грин и Низден - имаат перони на Метрополската линија, но Метрополските возови застануваат таму само ако Јубилејната линија не е во функција, како и наколку воза на самиот почеток и крај на денот.
Кај Вембли Парк, Метрополските шини се делад од две на четири, со побрзите линии на надворешноста. Брзите (до Амершам) и полубрзите возови (до Вотфорд) не застануваат на Престон Роуд или Нортвик Парк. Во шпицот го прескокнуваат и Вембли Парк.
Кај Хароу линијата се дели на два огранока — главната линија до Нортвуд и гранката за Аксбриџ.
По Хароу-на-Брдо линиите се редат во два паралелни пара, бавниот (северен пар) и брзиот. Брзите линии се користат заеднички со линијата на Националната Железница до Ејлсбури (оперирани од Чилтернски Железници) кои до тука одат паралелно. Станиците помеѓу Хароу-на-Брдо и Мур Парк (ексклузивно) имаат перони само на бавните линии, и на нив можат да застануваат само бавни и полубрзи возови, кои обично одат до Вотфорд. Кај Мур Парк линијата се дели, со тоа што брзата линија до Амершам станува главна, а бавната оди за Вотфорд.
Вотфордска гранка
(продолжувајќи од Мур Парк - каде постои и триаголен дел, по кој одат возови од Вотфорд до Рикмансворт рано наутро и доцна навечер).
тука возовите или продолжуваат кон Амершам или, во шпицот, продолжуваат право за Чешам. Во сето друго време има шатл помеѓу Чалфонт & Латимер и Чешам, каде мора да се сменат возови за Амершам. Овој воз доаѓа на околу секои 30 минути.