Алтернативно: Итнетјеру Ментухотепаа Мерисатетнебетабу It-nṯrw mnṯw-ḥtp(w)ˁ3 mry sṯt nbt Abw Татко на боговите, Ментухотеп великиот, сакан од Сатет, дамата од Абу
Ментухотеп I (исто така Ментухотеп-аа, т.е. „Големиот“) можеби бил тебански номарх и независен владетел на Горниот Египет за време на раниот Прв среден период. Алтернативно, Ментухотеп I може да биде измислена фигура создадена за време на подоцнежната Единаесетта династија, која се прославила за време на Интеф II и Ментухотеп II, кој ја имал улогата на татко основач.
Идентитет
Ментухотеп е можеби месен египетски номарх во Теба за време на раниот прв среден период, околу 2135 година п.н.е. Кралскиот список од Карнак пронајден во Фестивалската сала на Тутмос III го содржи на позицијата број 12 делумното име „Мен-“ во кралски картуш, различно од она на Ментухотеп II (бр. 29) или Ментухотеп III (бр. 30). Достапните фрагменти од списокот од Карнак се чини дека ги претставуваат фараоните по кој било хронолошки редослед, и затоа не може да се утврди дали или кога живеел овој фараон. Многу научници тврдат дека Ментухотеп I, кој можеби бил само тебански номарх, посмртно добил кралски титулар од неговите наследници, со што оваа претпоставена личност се нарекува „Ментухотеп I“.[3]
Фактот дека ниту еден современ споменик не може со сигурност да му се припише на кралот „Ментухотеп I“, натера некои египтолози да предложат дека тој е измислен предок и основач на единаесеттата династија, измислен со за време на подоцнежниот дел на династијата.
На основата на статуата од светилиштето Хекаиб на Елефантин, Ментухотеп се нарекува „Татко на боговите“ .[4][5] Оваа титула веројатно се однесува на непосредните наследници на Ментухотеп, Интеф I и Интеф II, кои владееле како кралеви над Горниот Египет. Од оваа титула, многу египтолози тврдат дека овој Ментухотеп веројатно бил татко на Интеф I и Интеф II,[6] и исто така дека тој никогаш не бил фараон, бидејќи оваа титула обично била резервирана за не-кралските предци на фараоните.[3]
Кралското име на Ментухотеп е непознато, бидејќи тој можеби не бил крал, или ниту еден следен крал на 11-та династија не носел кралско име до Ментухотеп II, и веројатно е дека тој никогаш немал кралско име. Неговото Хорово име Тепи-а, „Предок“, секако му било дадено посмртно.[7]
Семејство
Сопругата на Ментухотеп можеби била Неферу I и статуата од Хекаиб може да се толкува дека тој бил татко на Интеф I и II. Кралскиот список од Карнак има очигледно една не-кралска личност (без картуш), по име Интеф, на позицијата бр. 13 Ова може да се однесува на Интеф Постариот, син на Ику, тебански номарх лојален на кралевите во Хераклеополис во раниот прв среден период. Сепак, кралевите на преостанатите фрагменти не се наведени по хронолошки редослед, така што тоа воопшто не е сигурно.
Владеење
Како тебански номарх, власта на Ментухотеп можеби се протегала на југ до првата катаракта. Ментухотеп може хипотетички да склучил сојуз со номархот Коптос, кој потоа го довел неговиот наследник Интеф I во војна со хераклеополитските кралеви од 10-та династија кои владееле со Долен Египет, и нивните моќни сојузници на номархот од Средниот Египет, особено Анхтифи.
Наводи
↑Annales du Service des Antiquités de l´Egypt Le Caire. Nr. 55, 1900, p. 178.
↑Clayton, Peter A. Chronicle of the Pharaohs: The Reign-by-Reign Record of the Rulers and Dynasties of Ancient Egypt. Thames & Hudson. p72. 2006. ISBN0-500-28628-0
↑ 3,03,1Nicolas Grimal, A History of Ancient Egypt (Oxford: Blackwell Books, 1992), p. 143.
↑Labib Habachi: "God's fathers and the role they played in the history of the First Intermediate Period", ASAE 55, p. 167ff.
↑Labib Habachi: The Sanctuary of Hequaib, Mainz 1985, photos of the statue: vol. II, pp. 187-89.
↑Louise Gestermann: Kontinuität und Wandel in Politik und Verwaltung des frühen Mittleren Reiches in Ägypten, Wiesbaden 1987, p. 26.
↑The name is preserved only on an old drawing of Émile Prisse d'Avennes, see Habachi, Figure 4.