Машински факултет - Виница

Машински факултет - Виница
Виддржавен
Основан2008
ДеканДоц. д-р Дејан Мираковски
МестоВиница, Република Македонија
ПрипадностУниверзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
mf.ugd.edu.mk

Машинскиот факултет во Виница е еден од факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Историјат

Машинскиот факултет има единствена мисија која може да се подели во три главни дела:

  1. давање на продлабочени знаења на кандидатите, односно студирање на дадена област;
  2. научноистражувачка работа, како втора незаменлива компонента;
  3. апликативна дејност, односно десеминација на знаењето преку различни типови на проекти во стопанството.

Имајќи ги предвид основните цели, Машинскиот факултет има задача да формира високостручни кадри од областа на машинството.

Организација и структура

Функцијата декан на Машинскиот факултет ја врши доц. д-р Дејан Мираковски. Продекан за настава е доц. д-р Мишко Џидров[1]. Машинскиот факултет им дава силна поддршкана студентите во можностите можност да се стекнат со знаење, со кое самостојно ќе можат да ги решаваат проблемите во делот на проектирање, конструирање, моделирање, димензионирање на склопови и нивни елементи; раководење со производствени процеси во работните организации; заштита на животната средина; Со вашето академско знаење пред вас е отворена можноста за усовршување во одделни области од работата.
Студиските програмисе организирани во:

Носител на студиите е Машинскиот факултет, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Машинскиот факултет, а тоа се[2]:

  • Катедра за општо-производно машинство
  • Катедра за контрола и квалитет
  • Катедра за сообраќај и транспорт

Прв циклус на студии

Машинството како гранка од техниката има голема примена во секојдневниот живот на луѓето. Оваа гранка е присутна во производството од најмали делови до најголеми склопови кои се произведуваат од различни метали и нивни легури: метална галантерија (завртки, навртки, заковици и др.), возила, металопреработувачки машини, локомотиви за возови, градежни и рударски машини, турбини за хидроцентрали, машини неопходни за производство во текстилната, прехранбената, земјоделската индустрија и во многу други области.

Во првиот циклус на студии на Машинскиот факултет се изучуваат следниве студиски програми[3]:

  • Производно машинство
  • Транспорт, организација и логистика

Наставата се одвива во следниве градови:

  • Виница (Студиски програми: Производно машинство и Транспорт, организација и логистика)
  • Струмица (Студиска програма: Транспорт, организација и логистика)
  • Штип (Студиска програма: Производно машинство)

Втор циклус на студии

Во вториот циклус на студии на Машинскиот факултет се изучува следнава студиска програма:

Надворешни врски

Наводи

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!