Мат Блеха е чешки архитект, кој живеел и работел во Белград. Бил овластен архитект и имал сопствено биро на улица „Чика Љубина“, бр. 19. Проектирал објекти од различен архитектонски карактер.
Во 1928 година се јавува како проектант на складот за пиво и фабриката за производство на мраз на сараевската пиварница во Скопје.[1]
Наводи
- ↑ Константиновски, Георги (2001). Градителите на Македонија XVIII- XX век. Скопје: Табернакул. стр. 35.