Маршалов план, официјално наречен План за европска обнова — план на САД за обновување на повоена Европа и сузбивање на влијанието на комунизмот по Втората светска војна.[1] Задачата за подготовка на планот ја добил Џорџ Маршал и неговите колеги од Стејт департментот, а покрај Маршал за подготовка на планот најмногу придонеле Вилијам Клејтон и Џорџ Кенан.
↑Се однесува само на англо-американските окупациони зони кои во 1949 година станале Западна Германија. Планот ја вклучува цела Германија, но не бил примена на Источна Германија.