Мартин Костовски (31 мај 1983, Куманово) - е македонски политичар и пратеник во Собранието на Македонија.
Образование
Основно и средно училиште завршува во Куманово.
Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Кариера
Својата правничка кариера Костовски ја започнува во 2007 година како помлад асистент во адвокатска канцеларија.
Во 2008 година работи како асистент за односи со јавност во Општина Куманово, потоа до 2011 како помлад соработник за поддршка на меѓународна промоција на општината, а до 2014 година работи и како раководител на одделението за меѓународна соработка на општината и на одделението за инспекциски надзор во урбанистичко-градежна и комунална дејност, животна средина и угостителско-туристичка дејност.
Во својата кариера работел и како раководител на Секторот за меѓународна сорботка и евроинтеграции во општина Куманово каде што работи до неговото именување за директор на Службениот весник на Република Македонија во 2017 година.
Во 2020 година влегува како пратеник во Собранието на Македонија.
Подолг период е претседател на Општинската организација на СДСМ во Куманово.