Марија Маркова Попгеоргиева, со ајдучко име Рошко, била ајдутка, сестра на дедо Иљо Малешевски.
Родена е во Берово. Таа учествувала како „бајрактарка“ на Дедо Иљовата дружина во периодот од 1827 до 1828 година по реката Бистрица, потоа по околината на градот Бер за време на грчките ослободителни борби.
Марија, исто така „учествувала како борец во батаљонот предводен од Иљо војводата, во Кримската војна кај Севастопол, потоа при нападот на Белградското кале (на Калемегдан) и во многу други борби. Починала во село Рила во 1916 година.