Марија Велинова ( 2003, Штип) — македонска поетеса. Таа е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Има објавувано повеќе текстови на платформата „Култура Бета“, како и во списанијата „Средношколски размислувања 4“ и „Филозофска трибина“. Учествувала на „Скопскиот поетски фестивал“ каде што победи на поетско читање за млади поети „Отскочна даска“ и на поетските читања „Добри гости“ и „Поетска епизода“. Во 2022 ја претставуваше Македонија на Светската филозофска олимпијада.
Дела
До сега, има објавено две стихозбирки:
- Разговорите што не можевме да ги имаме (2021, Дата Песнопој)[1]
- Омарнина што омалаксува (2023, ПНВ Публикации)[2]
Извори
- ↑ аз буки веди - марија велинова, мај 10
- ↑ Три песни од Марија Велинова Од стихозбирката „Омарнина што омалаксува“