Маринер 3 |
Оператор | НАСА |
---|
Изведувачи | Лабораторија за млазен погон |
---|
Вид на мисија | Орбитирање околу Марс |
---|
Лансирано на | 5 ноември 1964 |
---|
Носечка ракета | Атлас ЛВ-3 Агена Д |
---|
Маса | 260,8 кг |
---|
Моќност | 300 вати |
---|
Маринер 3 – американско вселенско летало од програмата Маринер, едно од двете вселенски сонди дизајнирано и конструирано од Лабораторијата за млазен погон за проектот Маринер-Марс 1964, чија цел била да спроведе научни истражувања на планетата Марс и да пренесе, назад на Земјата, информации за меѓупланетарниот простор и просторот околу Марс, да направи телевизиски снимки на површината на Марс и радиоокултациски податоци од сигналите на вселенскиот број афектирани од атмосферата на Марс.[1][2] .
Маринер 3 бил дополнително опремен со инструменти во однос на Маринер 2. Тој бил опремен со ТВ камера, дополнителни инструменти и 4 сончеви плочи. Од овие причини Маринер 3 имал поголема маса, па заради тоа бил употребена носечка ракета Агена Д, наместо дотогашната Агена Б.
Маринер 3 бил лансиран во 14:22 EST на 5 ноември 1964 година од Кејп Канаварел. Лансирањето поминало без проблеми, Агена го завршила своето согорување и ја донело сондата на траекторијата кон Марс. Еден час по лансирањето, првите телеметриски преноси од Маринер 3 биле примени, кои покажале дека научните инструменти функционирале исправно, но немало индикација дека сончевите плочи се во функција. После 8 часа батериите откажале и мисијата официјално е отповикана.[3][4].
Три недели подоцна, на 28 ноември 1964 година, бил лансиран Маринер 4 кој стигнал во орбитата на Марс за седум и пол месеци.
Инструменти
Маринер 3 бил опремен со следниве инструменти:[5]
- телевизиска камера
- магнетометар
- детектор на плазма
- детектор на космички зраци
- детектор на меѓупланетарна прашина
- детектор на наелектризирани честички
Поврзано
Наводи
Надворешни врски