Локалната управа (мански: gurneilys ynnydagh, англиски: local government) на островот Ман се заснова на древните парохии (parishes). Постојат три вида на локални административни единици: месни заедници (borough corporations), градски комисии (town commissions) и парохиски комисии (parish commissions).
Шидинзи
Ман се дели на шест административни подрачја наречени „шидинзи“ (sheadings). Шесте шидинзи се Ајр, Гленфаба, Гарф, Мајкл, Рашен и Мидл. Шидинзите се основа за некои парохии и секоја има свој иследник (coroner). На островот Ман, иследниците ги имаат должностите кои во Обединетото Кралство им припаѓаат на шерифот или судскиот извршител. Меѓутоа оваа функција не е иста што и функцијата на судскиот иследник, улога која обично ја исполнува вишиот судски извршител. Едно лице може истовремено да биде иследник во повеќе од еден шидинг.
Парохии
Парохиите (parishes) влечат црковни корени, и се мисли дека се воведени на островот во [XI век] од Шкотска, по посновањето на епископијата во X век. Парохиските граници првично ги отсликувале физичките особини на подрајчето.