Линеарно писмо Б — писмо употребувано за пишување на микенскиот јазик, ран облик на грчкиот јазик. Ова писмо ѝ претходи на грчката азбука за неколку века: по сѐ изгледа дека тоа изумрело со изумирањето на микенската цивилизација; во периодот помеѓу падот на оваа и зачетокот на следната грчка цивилизација не постоело писмо и писменост. Тој перидо се нарекува Грчко темно доба.
Линеарното писмо Б е сродно на Линеарното писмо А, сѐ уште недешифрирано претходно писмо за пишување на минојскиот јазик, и на подоцниот Кипарски слоговник; се смета дека слабото следење на фонемскиот принцип се должи на изведувањето на ова писмо од друго писмо. Линеарното писмо Б е делумно слоговно, со додатни логографски знаци кои се детерминативни (определни), или одредни (давајќи „класи“ и „типови“). Како такво, ова писмо повеќе личи на современото јапонско писмо во неговата графемска структура.
Писмото
Линеарното писмо Б има околу 200 знаци, кои се делат на слоговни знаци со фонетска вредност и логограми (или идеограми) со семантичка вредност.
Имињата на знаците се грубо фонетски, бидејќи највеќето претставувале цели класи на слогови, видетеМикенски јазик. Треба да се напомене дека знаците со „r“ се користеле за пишување на фонемите /r/ и /l/, а серијата „q“ се користи за праиндоевропските /kʷ/, /gʷ/ и /gʷʰ/ - последното од овие било занемено до состојба на /kʷʰ/ во протогрчкиот јазик.
Постојат извесни други слоговни знаци, чија вредност е непозната, оспорена или нечеста. Нив ги спомнуваме или по број, или по некоја хипотетичка фонетска апроксимација, на пример 64, a2,
a3, au, nwa, pu2, итн.
Ова писмо е изданок на Линеарното писмо А, кое, осмислено за пишување на минојски јазик, не било погодно за пишување на грчки. Микенците морале да се снаоѓаат, сѐ до неколку века подоцна, кога била развиена првата Грчка азбука.
Идеограми
Заради карактерот на сочуваните текстови, идеографското претставување на избројливи предмети е многу често.
Не сите вредности на идеограмите се познати, и нивниот изговор е, во најдобар случај, предмет на образовани нагаѓања. Идеограмите претставуваат концепти како МАЖ, ЖЕНА, КРАВА, БИК, МАСЛО, ВИНО, ТКАЕНИНА, ЗЛАТО, БРОНЗА и др. Постојат неколку дузини знаци кои претставуваат разни грниња и садови. (Пример: триногалка, за ти-ри-но-га-ла-ка плус логограмот за „триножно грне“.)
Бројчените наводници за идеограмите биле осмислени од Вентрис и Бенет, и поделени во функционални групи соодветствувајќи на преломот во Бенетовиот индекс. Нумерацијата на групите започнува со 100, 110, 120 итн., со оставени резервни броеви за понатамошни додавања. Уникод (од верзија 5.0) шифрира 123 Линеарни Б идеограми.
глифа
УМЗ
Бенет
значење
луѓе и животни
𐂀
U+10080
100A
маж
𐂁
U+10081
102 A
жена
𐂂
U+10082
104 Cn
елен
𐂃
U+10083
105 Ca
коњ (или сл.)
𐂄
U+10084
105b Ca
кобила
𐂅
U+10085
105a Ca
пастув
𐂆
U+10086
106b C-D
овца (женка)
𐀥
U+10025
*21
овца
*75
едногодче?
𐂇
U+10087
106a C-D
овен
𐂈
U+10088
107b C-Mc
коза
𐂉
U+10089
107a C
јарец
𐁒
U+10052
*22
коза (каква било)
𐂊
U+1008A
108b C
маторица
𐂋
U+1008B
108a C
вепар
𐁂
U+10042
*85 C
свиња
𐂌
U+1008C
109b C
крава
𐂍
U+1008D
109a C
бик
𐀘
U+10018
*23
вол
мерни единици
110
волумен
111
волумен
112
суво
113
течно
114
тежина
115
тежина
116
тежина
117
тежина
118
талент
по сува мера
𐂎
U+1008E
120 E-F
жито
𐂏
U+1008F
121 F
јачмен
𐂐
U+10090
122 F-U
маслинка
𐂑
U+10091
123 G-Un
зачин
124 G
цибора
𐂒
U+10092
125 F
цибора?
126 F
цибора+ku
𐂓
U+10093
127 Un
овошје?
𐂔
U+10094
128 G
шафраника
оружје
𐃆
U+100C6
230 R
копје
𐃇
U+100C7
231 R
стрела
𐃈
U+100C8
232 Ta
двојна секира?
𐃉
U+100C9
233 Ra
меч
двоколки
𐃌
U+100cc
240 Sc
двоколка со тркала
𐃍
U+100CD
241 Sd Se
двоколка без тркала
𐃎
U+100CE
242 Sf Sg
рамка на двоколка
𐃏
U+100CF
243 Sa So
тркало
Архиви
Корпус
Таблиците се класифицираат по местото на нивното наоѓање.
KNКносос: ц. 4360 таблици (ова е всушност недешифрираните текстови од Линеарното писмо А)
Долгоочекувањето издавањето на Тебанските таблици (Л. Годарт и А. Сакони, 2002) се смета за разочарувачко споредено со претходните ветувања на авторите.
Доколку е автентичен, Кафканскот камен, кој датира од 17 век п.н.е., би бил најстариот микенски напис, и како таков, најраното сведоштво за пишаниот грчки јазик.
Содржина
Главните градови и палати го користеле Линеарното писмо Б за исплата на добра. Некои чести предмети се волна, овци и житарици, кои често биле давани на верници и единици на крајбрежната стража.
Таблиците се чувале во кошници на полици. КОга некои од поголемите палати изгореле како резултат на тектонска или вулканска активност (видете Кносос), огните направиле „печени глинени таблици“ од делот таблици досега пронајден. Во глината се гледаат отпечатоци од плетката на кошниците.