Лидија Кочовска (Скопје, 1 јули 1975) — македонска пејачка.[1]
Животопис
Лидија дипломирала на инструментот обоа на Музичката академија во Скопје.
Доаѓа од семејство на музичари. Нејзината сестра Тања Кочовска е пејачка и глумица, и нејзините родители Невена и Панче се членови на латиноамериканскиот бенд Мањифико. Нејзиниот прв настап бил на 4 годишна возраст на детскиот музички фестивал Златно Славејче, каде била најмлад учесник.
Награди и учества на фестивали
- „Festival of scout songs“ Ниш 1984 - трета награда од професионалното жири
- „Select for Eurovision“ Нови Сад 1989 - настап со нејзиното семејство
- „Belgrade Spring“ 1989 - награда за најдобар дебитант
- „Макфест“ 1990 - учество
- „Макфест“ 1991 - како квартет, специјална награда од SOKOJ
- „Макфест“ 1992 - учество
- „Макфест“ 1993 - учество
- „Интерфест“ 1993 - дует со нејзината сестра Тања, награда за најдобра интерпретација
- „Интерфест“ 1994 - учество
- “Интерфест„ 1996 - две награди, прва награда од публиката и Гран При
- “Скопски фестивал„ 1994 - учество
- “Скопски фестивал„ 1995 - три награди, прва награда од публиката, награда за најдобра интерпретација и Гран При
- “Скопски фестивал„ 1997 - учество со нејзиното семејство, прва награда од професионалното жири
- “Будва фест„ 1997 - учество во дует со нејзината сестра Тања
- “Скопски фестивал„ 1998 - учество
- “Охридски трубадури„ 1998 - награда за најдобра интерпретација
- “Охридски трубадури„ 1999 - прва награда од професионалното жири
- “Макфест„ 1999 - трета награда од публиката
- “Slavonic bazaar„ 1999 - втора награда
- “Скопски фестивал„ 2000 - учество
- “Скопски фестивал„ 2002 - учество
- “Охридски трубадури„ 2000 - втора награда и награда за најдобра интерпретација
- “Охридски трубадури„ 2003 - учество
- "Сунчане скале" 2003 - учество
Наводи