Филмот е посветен на животот и работата на Леонард Коен. Заснован е на концертот посветен на музиката на Леонард Коен, наречен „Дотуркав дотука за убавината“, а одржан во 2005 година во „Сиднејската опера“. На концертот настапуваат Ник Кејв, Џарвис Кукер, „Хендсам фемили“, Бет Ортон, Руфус Веjнрајт, Марта Веjнрајт, Теди Томпсон, Линда Томпсон, Ентони, Кејт и Ен Мекгригл. Крајот на филмот вклучува настап на Леонард Коен и „Ју ту,“ што не е снимен во живо, туку е снимен специјално за филмот во Њујорк. Филмот бил премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Торонто.[1]