Кула Бретања

Кула Бретања
Tour Bretagne
Карта
Општи податоци
СтатусВо употреба
ВидОблакодер
МестоНант
Координати47°13′01″N 1°33′31″W / 47.216944444° СГШ; 1.558611111° ЗГД / 47.216944444; -1.558611111
Почната30 септември 1971
Отворена18 ноември 1976
Висина
Антена144 м (472 ст)
Покрив119 м (391 ст)
Технички податоци
Катови37[1]
Подна површина172.000 квадратни метри
Лифтови8
Проектирање и изградба
АрхитектКлод Деворсин
СтатичарМарсел Андре

Кула Бретања — 37-катен облакодер кој се наоѓа во средиштето на Нант помеѓу главната сообраќајница, Кур де 50 отаж (Cours des 50 Otages) и Плас Бретањ (Place Bretagne). Била отворена на 18 ноември 1976 година, во 17:00 часот.

Со вкупна висина од 144 метри,[2] доминира на хоризонтот на градот Нант и е трета највисока зграда во Франција вон Париз, по Тур Пар-Дие во Лион и кулата CMA CGM во Марсеј. Антените достигнуваат 25 метри над најгорниот кат.

Иницирана од Андре Морис, тогашниот градоначалник на Нант, зградата била проектирана од францускиот архитект Клод Деворсин во 1960-тите. До нејзиното завршување во 1970-тите, јавната естетика била променета и зградата била економско промашување, долго време била главно празна. Подоцна била користена за владини канцеларии.

Историја

Зградата доминира на хоризонтот на Нант

Кулата се наоѓа во стар дел во средиштето на градот наречен Ле Марши („Le Marchix“). Оваа стара средновековна четврт се сметала за валкана и опасна долго пред американското бомбардирање во 1943 година, кое значително го оштетило.

За време на повоената обнова, изградбата на две важни модернистички згради долж Плас де Бретањ, во кои се сместени Министерството за финансии, зградата за социјално осигурување и главната пошта, ги инспирирало властите да изградат облакодер во близина. Кулата Бретања требало да ја претставува економската моќ на градот и да му ја прикаже пред светот.

Во 1966 година, со охрабрување на жителите на Нант, група наречена SELA (Société d'Equipement de Loire Atlantique) била задолжена за развој на проектот. СЕЛА побарала од Клод Деворсин, денес заборавен архитект, и Марсел Андре, инженерски советник, да го реализираат проектот. Во 1968 година, планот бил да се изгради шесткатна паркинг гаража во основата на кулата, комплетирана со бензинска пумпа, до која автомобилите би можеле да пристапат преку надворешна рампа. Следните три нивоа требало да бидат трговски центар со простор за 25 бутици и ресторан. Канцелариите би ги зазеле останатите катови освен последниот кат, во кој би бил сместен ресторан од кој би се имало панорамски поглед на околината.

Кулата и Кур де 50 отаж (Cours des 50-Otages)

Изградбата започнала на 30 септември 1971 година и требало да биде завршена до летото 1974 година. Сепак, изградбата се одолговлекувала со голем број доцнења, главно поради непредвиден број промени на плановите за време на изградбата. Конечно, по пет години работа, кулата била отворена во 1976 година.

Со завршувањето кулата не наишла на добар прием. Биле потребни десет години за да се испланира и изгради, а менталитетот се променил од 1960-тите. По изградбата зградата се сметала за симбол на нечовечки урбанизам сосредоточен на заработка и архитектонска грешка што го искривува традиционалниот градски пејзаж.

Исто така претставувала економски неуспех, долго време останала главно празна, делумно поради високата кирија. Ресторанот на 29. кат набрзо бил затворен поради технички проблеми, а бесплатните посети на набљудувачницата биле прекинати по честите самоубиства. Исто така, не бил отворен ниеден бизнис во основата на кулата како што било првично замислено. За да се искористат 16.000 квадратни метри од деловниот простор, градската власт одлучила да премести дел од своите административни канцеларии во кулата.

Технички детали

Резервоари за вода на врвот на кулата опкружени со антени

Кулата, висока 144 метри, има осум лифта, седум ескалатори и резервоар за вода на кровот кој може да собере 91.000 литри. Поради промени во плановите, зградата сега има седум нивоа на паркинг, три „приземје“, „ниво нула“ (која се наоѓа на 66 стапки (20 м) над нивото на улицата) и 29 ката канцеларии на врвот од неколку ката кои содржат машини. Даночното биро, Метроцентарот на Нант и канцелариите на градското Биро за вработување заземаат три четвртини од просторот на зградите. Речиси 800 луѓе работат во кулата секој ден. Со кулата управува група косопственици составени главно од банки, но и градската власт.

Кулата денес

До крајот на 20 век, жителите на Нант, по долги поплаки за крутото и монолитно присуство на кулата, почнале со немилост да ја прифаќаат кулата. Постепеното прифаќање на кулата може да се види бидејќи таа почнала да се појавува на голем број поштенски картички, нешто што претходно било незамисливо, и се споменувала на летоците што ги дистрибуирала канцеларијата за туризам.

Терасата на 32. кат била повторно отворена на 15 јуни 2012 година, откако била затворена повеќе од 10 години. Целосно реновирана и обезбедена, се користи како ресторан, а неговиот распоред сугерира огромно птичјо гнездо, па оттука и името на ресторанот, Ле Ни („Гнездото“). Терасата дава целосен поглед од 360 степени на градот и неговата околина.

Панорамски поглед од терасата

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. „Le Nid - Jean Jullien - Contemporary artwork in Nantes; Le Voyage à Nantes“.
  2. Tour Bretagne

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!