Кузман Смилевски - Брадина (22 август 1924 во Тресонче, Дебарско — ?) — учесник во НОБ, првобригадирец, вицеадмирал и контраадмирал на Југословеската Народна Армија.
Животопис
Смилевски е роден во дебарското село Тресонче на 22 август 1924 година. Пред Втората светска војна бил ученик. Од 1944 година се вклучил во НОВМ и станал член на КПЈ. Во војната бил политички комесар на чета и на баталјон, а потоа помошник на политички комесар на осмата македонска ударна бригада[1] Ја вршел должноста началник на одделение во армијата и во ССНО, началник на катедра во ВМ и во ВВА. Завршил Виша воена поморска академија на ЈНА. Во 1973 година се пензионирал.[2]
Наводи