Кубански државен унивезитет (руски: Кубанский государственный университет) — универзитет во Краснодар, Русија. Тој е еден од најголемите и најстарите универзитети на југот на Русија.
Универзитетот е основан во 1920 година во Краснодар. За негов прв ректор бил избран Никандар Маркс, поранешен генерал на руската империјална армија, историчар и специјалист во областа на античката руска палеографија.
Во 1994 година, универзитетот бил признат како една од водечките институции за високо образование во Русија.
Во 2004 и 2005 година, универзитетот бил рангиран меѓу првите 100 високообразовни институции во Русија и бил награден со Златен медал за европски квалитет.
Во 2008 година, Михаил Астапов, поранешен шеф на регионалниот оддел за образование во Краснодар, бил назначен за ректор на универзитетот.
Кубанскиот државен универзитет обучува странски специјалисти од 1970 година. Нејзините странски дипломци доаѓаат од над 120 земји. Во моментов, универзитетот продолжува да едуцира студенти од Азија, Америка, Африка и Европа.
Надворешни врски