Крсте Битовски

Крсте Битовски (с. Габреш - Костурско, 1926 - Скопје, 9 јануари 2009) — македонски историчар и еден од основоположниците на современата македонска историографија. Заедно со Манол Пандевски се нарекуваат „двата столба“ на оваа институција. Има објавено над 100 научни труда, монографии, збирки на документи, статии, мемоари на историски личности, итн. Автор е и на еден том од повеќетомната „Историја на Македонија“.

Роден е 1926 година во с. Габреш - Костурско, Егејска Македонија. За време на Втората светска војна се преселува во Вардарска Македонија, во Битола. По завршувањето на војната и завршувањето на факултетот за историја се вработува во Институтутот за Национална Историја, но набрзо, следен од УДБА и домашните предавници ќе заврши 2,5 години на островот на смртта, Голи Оток, во досиејата на тајните служби воден како „интелектуален Македонист“.

По излегувањето од затвор својот работен век го продолжува во Институтот за национална историја. Во 1965 година ја одбранил докторската дисертација на тема „Дејноста на Пелагониската митрополија (1878-1912)“.

За своите дела е добитник е многубројни државни награди. Добитник е на највискоката награда на Град Скопје „13 Ноември“, „11 Октомври“ и наградата „Гоце Делчев“.

Значајни дела

  • „Дејноста на Пелагониската митрополија (1878-1912)“, Скопје, 1968.
  • „Македонија и Кнежевството Бугарија (1893-1903)“, Скопје, 1977.
  • „Македонија во време на Големата Источната криза (1875-1881)“, Скопје, 1882.
  • „Дипломатските огласи на Илинденското востание“, Скопје, 1983.
  • „Солунските атентати“, Скопје, 1985.
  • „Континуитетот на македонските национално ослободителни борби во XIX и почеток на XX век“, Скопје, 1998.
  • „Грчката „Македонска борба“, Скопје, 2001.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!