Критскиот џуџест нилски коњ (Hippopotamus creutzburgi) е изумрен вид на нилски коњ кој припаѓа на семејството Hippopotamidae. Живеел на островот Крит за време на плеистоценот.
Идентифицирани се два подвида[2]:
- Hippopotamus creutzburgi creutzburgi
- Hippopotamus creutzburgi parvus
H. c. parvus е помал од H. c. creutzburgi, меѓутоа и двата подвида се поголеми од Кипарскиот џуџест нилски коњ.
Коски од овој вид се пронајдени од Доротеја Бате во источниот дел на Крит во 1920-те години[3].
Критскиот џуџест нилски коњ се смета дека е потомок на вропскиот нилски коњ, кој настанал преку процесот на „островска еволуција“ (џуџеста еволуција) на островот Крит.
Наводи
- ↑ (англиски)Boekschoten, G.J. & Sondaar, P.Y. (1966): The Pleistocene of the Katharo basin (Crete) and its Hippopotamus. Bijdragen tot de Dierkunde 36: 17-44.
- ↑ (англиски)Kuss, S.E., (1975): Hippopotamus creutzburgi parvus n. ssp., ein pleistozänes Zwergflusspferd von der Insel Kreta. Ber. Naturf. Ges. Freiburg i. Br. 65:5-23
- ↑ (англиски)Evans, Arthur: The Early Nilotic, Libyan and Egyptian Relations with Minoan Crete in The Journal of the Royal Anthropological Institute of Great Britain and Ireland Vol. 55, Jul. - Dec., 1925 (Jul. - Dec., 1925), pp. 199-228