Копнена зона на безбедност

Од член 4 од Военотехничкиот договор од Куманово беше формирана заедничка комисија за спроведување на Военотехничкиот договор, која сочинува командата на КФОР и комисија на претставниците на силите за безбедност на Република Србија (Војската на Србија и Министерството за внатрешни работи на Србија). Комисијата за спроведување на военотехничкиот договор е стручен орган на Здружената оперативна команда на Генералштабот на војската на Србија, која комуницира со КФОР.

Копнена зона на Безбедност (КЗБ), е зона која е дефинирана со Военотехничкиот договор од Куманово (член 1, точка 3, е) потпишан на 9 јуни 1999 во Куманово, Македонија, и се протега низ административната линија меѓу Република Србија и автономната покраина Косово чија вкупна должина е 382 километри, а ширина 5 километри. Оваа зона беше воспоставена длабоко на територијата на Централна Србија. Поделена е на сектор А (од државната граница со Црна Гора до регионот меѓу базите на Војската на Србија "Мрча" и "Трмка"), Б (од регионот меѓу базата "Мрча" и "Трмка" до реонот меѓу базата "Караула" и "Трстена") и Б1 (од реонот меѓу базата "Караула" и "Трстена" до државната граница со Република Македонија).

Од влегувањето на силите на безбедност на Србија во копнената зона на безбедност, е развиена коректна, партнерска и професионална комуникација со командата и единиците на КФОР. До крајот на јуни 2011, одржани се 375 состаноци на заедничката комисија каде редовно се дискутираат прашања во врска со безбедноста на Косово и во копнената зона на безбедност и воздушната зона на безбедност. Редовно се дискутира и за состојбата и евентуалните прекршувања на административната линија со Косово и инцидентите во Копнената и Воздушната зона на безбедност.

Случувања во зоната

Веднаш по воспоставувањето на Копнената и Воздушната зона на безбедност во 1999 година, во околината на Општина Прешево, Медвеѓа и Бујановац, имаше воени дејствија од страна на ОВПМБ која се инфилтрира и почна да ја напаѓа слабовооружената полиција на Србија. Поради тоа беше свикана и седница во Обединетите Нации, каде му беше дозволено на Србија враќање во копнената зона на безбедност во 2000 година.

Поради воспоставувањето на воздушната зона на безбедност, не постојат прелетувања од Централна Србија кон Косово, поради тоа што Србија не смета дека тоа е безбедно. Во ваков инцидент се најде и германската канцеларка Ангела Меркел, која при посетата на Србија за Косово, не му беше дозволено да го прелетува просторот на Централна Србија туку леташе во мал дел од Република Македонија, па конечно да влезе во воздушниот простор на Косово. Во иста ситуација се најде и генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун.[1]

Наводи

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2012-10-19. Посетено на 2013-04-19.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!