Климент Малевски (роден на 10 октомври 1917 година во Струга - починал на 18 јули 2002 година во Скопје) — македонски протојереј-ставрофор, член на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква и учесник на црковнонародните собори за возобновување на Охридската архиепископија и прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква (1958 и 1967).[1]
Бил архијерејски заменик на Преспанско-пелагониската епархија. Носител е на повеќе црковни одликувања: од Ерусалимскиот и од Рускиот патријарх, од Атинскиот архиепископ и од Синодот на Македонската православна црква (Светиклиментов орден од Ⅲ ред).
Наводи