Кипчачки јазици (северозападни туркиски јазици) — подгрупа на туркиските јазици. Овие јазици се зборуваат воглавно во Средна Азија, но може да се најдат и заедници во Источна Европа и Азија. Кипчачките јазици ги зборуваат околу 12 милиони луѓе.
Особености
Кипчачките јазици имаат големи сличности со останатите туркиски јазици. Сепак, покрај заедничките, овие јазици имаат некои уникатни јазични особини поради кои се класифицираат во посебна подгрупа.
Заеднички особини
промена на пратуркиското *d во /j/
загуба на почетно *h
Уникатни особини
изразена лабијална хармонија на самогласки
зачестеност на асибилација на почетна */j/
присуство на дифтонзи од крајна */ɡ/ и */b/ во рамките на еден слог
Johanson, Lars and Csató, Éva Ágnes (1998). The Turkic Languages. London: Routledge. ISBN0-415-08200-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Menges, Karl H. (1995). The Turkic Languages and Peoples. Wiesbaden: Harrassowitz. ISBN3-447-03533-1.