Килена, исто така позната како Јупитер XLVIII — месечина на Јупитер. Откриена е од група на астрономи од Хавајскиот универзитет предводен од Скот Шепард во 2003 година, добивајќи ја привремената ознака S/2003 J 13.[2][3]
Килена има пречник од околу 2 километри и кружи околу Јупитер на просечно растојание од (23,4 милиони км) 23 396 000 км за 731,099 дена (2,00 Земјини години), со наклон од 140,149 ° до еклиптиката (139,543 ° до екваторот на Јупитер), во спротивновртечка насока и со ексцентричност од 0,4116.
Таа била именувана во март 2005 година, по Килена, најад (изворна нимфа) или ореад (планинска нимфа) поврзано со Планината Килена, Грција.[4] Таа била ќерка на Зевс (Јупитер).
Припаѓа на Пасифаината група, неправилни спротивновртечки месечини што кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 Гм и со наклони од 144,5° до 158,3°.
Наводи