Кејт Милет

Кејт Милет
Милет во 1970
Роден(а)Кетрин Мареј Милет
14 септември 1934(1934-09-14)(90 г.)
Сент Пол (Минесота)
НационалностАмериканка
ЗанимањеФеминистка, писателка, уметничка, активистка

Кетрин Мареј Милет, попозната како Кејт Милет (родена 14 септември 1934) е американска феминистичка писателка, едукаторка, уметничка и активистка. Како големо влијание врз вториот бран на феминизмот, Милет е можеби најдобро позната по нејзината книга од 1970, Сексуална политика. "Легален абортус, поголема професионална еднаквост меѓу половите и сексуалната слобода биле речиси незамисливи пред 40 години", промената делумно се должи на нејзините напори.

Таа била во движената за феминизмот, човековите права, мирот, граѓанските права, и анти-психијатријата. Нејзините книги биле мотивирани од нејзиниот активизам, како што се правата на жените, а неколку биле автобиографски мемоари во кои ја истражува својата сексуалност, менталното здравје, и врските.

Личен живот

Кејт Милет ја добила својата диплома на Универзитетот Минесота во 1956 година, каде што била член на сестринството „Капа Алфа Тета“. Подоцна, таа ја добива и дипломата од прв степен со почести од колеџот Св. Хилда, Оксфорд во 1958 година. Во 1961 година Милет заминува во Јапонија. Две години подоцна таа се враќа во САД, со нејзиниот пријател, вајар Фумио Јошимура со кој ќе стапи во брак во 1965 година. Во 1985 тие го прекинале својот брак.

Феминизам

Милет се смета за "водач на модерното движење на жените",[1] или вториот бран на феминизмот, од 1960-тите и 1970-тите. Таа е добро позната по нејзината книга, Сексуална Политика,[2] сметана за манифест на движењето.[1]

Милет е меѓу активистките кои овозможиле "легален абортус, поголема професионални еднаквост меѓу половите и сексуалната слобода кои биле речиси незамисливи пред 40 години."[3]

Биографот Гејл Греам Јејтс вели дека "Милет ја артикулира теоријата за патријархатот и го конципирала половото и сексуално угнетување на жените со барањето на револуција на родовите улоги со радикални промени во личниот и семеен живот." Фокусот на Бети Фридан за споредба, беше да се подобрат можностите за социјално и политичко водство и економска независност за жените.[4]

Во 1979 година, Милет отиде во Иран да работи за правата на жените, но наскоро била депортирана од страна на владата на Рухолах Хомејни, и напишала за искуството во Патување во Иран.[5]

Сексуална политика

Сексуална Политика започна како дисертација и беше објавена во 1970 година, истата година кога таа го доби својот докторат од Универзитетот Колумбија. Како критика на патријархатот во западното општество и литература, го адресирала сексизмот и хетеросексизмот на модерните романописци Д.Х. Лоренс, Хенри Милер и Норман Мејлер.[6] Милет пишувала за потеклото на патријархатот, тврди дека угнетувањето врз основа на полот беше и политичко и културно, и претпоставува дека укинувањето на традиционалното семејство беше клучот за вистинска сексуална револуција.[7][8]

Милет, сметана за симбол на женското движење за ослободување, беше на насловната страница на Time со наслов "Политика на полот",[9] нејзината книга била наречена "извонредна", и обезбедила кохерентна теорија за феминистичкото движење.[10]

Филмови

  • Цвеќиња за Симон де Бовоар (2007)
  • Вистинската Јоко Оно (2001)
  • Обележувач (1 епизода, 1989)
  • Ќерките на де Бовоар (ТВ епизоди 1989)
  • Ова не е љубовна приказна: Филм за порнографијата (1981)
  • Три животи (1971)
  • Плејбој: Приказната за Х (1998)

Дела

  • Сексуална политика (1970)
  • Дукументите за проституција (1973)
  • Летање (1974)
  • Сита (1977)
  • Визбата (1979)
  • Патување во Иран (1979)
  • Лудото патување (1990)
  • Верувај ми, не сакаш да го замислиш тоа (1991)
  • Политиката на суровост (1994)
  • А.Д. Мемоар (1995)
  • Мајка Милет (2002)

Дополнителни информации

Надворешни врски

Наводи

  1. 1,0 1,1 Frank N. Magill (5 March 2014). The 20th Century Go-N: Dictionary of World Biography. Routledge. стр. 2536–2537. ISBN 978-1-317-74060-5.
  2. „Dr. Kate Millett“. St Hilda's College, Oxford University. Архивирано од изворникот на 2014-08-18. Посетено на September 4, 2014.
  3. Liza Featherstone (June 10, 2001). „Daughterhood Is Powerful“. The Washington Post (accessed via HighBeam Rearch, an online subscription service). Washingtonpost Newsweek Interactive. Архивирано од изворникот на 2014-11-14. Посетено на September 14, 2014.
  4. Justin Wintle (28 November 2008). The Concise New Makers of Modern Culture. Routledge. стр. 532. ISBN 978-1-134-02139-0.
  5. Robert Benewick; Philip Green (11 September 2002). The Routledge Dictionary of Twentieth-Century Political Thinkers. Routledge. стр. 176. ISBN 978-1-134-86467-6.
  6. Jonathan D. Culler (2007). On Deconstruction: Theory and Criticism After Structuralism. Cornell University Press. стр. 47–49. ISBN 0-8014-7405-1.
  7. Pattock, Mary (Winter 2012). „Sexual Politics“. Reach. Архивирано од изворникот на 2013-04-10. Посетено на March 15, 2013.
  8. Jane Gerhard (20 August 2013). Desiring Revolution: Second-Wave Feminism and the Rewriting of Twentieth-Century American Sexual Thought. Columbia University Press. стр. 92–95. ISBN 978-0-231-52879-5.
  9. Dudley Clendinen; Adam Nagourney (30 July 2013). Out For Good: The Struggle to Build a Gay Rights Movement in Ame. Simon and Schuster. стр. 99. ISBN 978-1-4767-4071-3.[мртва врска]
  10. Neil A. Hamilton (1 January 2002). American Social Leaders and Activists. Infobase Publishing. стр. 267. ISBN 978-1-4381-0808-7.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!