Карпестата уметност во Македонија почнала да се создава пред повеќе од 15 000 години. Оваа уметност ја создавале праисториските луѓе кои ја населувале територијата на Македонија пред повеќе милениуми.
Неодамна е откриен 100 000-от карпест гравир на територијата на Република Македонија. Се претпоставува дека на територијата на денешна Македонија има над еден милион карпести гравири. Според Светската федерација за карпеста уметност Македонија е светски водач на полето на истражувањето на карпестата уметност. Според д-р Душко Алексовски, Македонија е резерват на карпеста уметност.
Во непосредна близина на с. Скочивир, Мариово (Моштенски крај) е пронајден Скочивирскиот натпис. Натписот е на средновековен грчки јазик и според почетната инвокација може да се смести помеѓу 14 и 16 век, но со елементи кои го ставаат и во 17-18 век со оглед на ортографијата. [1]
Истражувањата на карпестата уметност во Македонија се битни за правилното дефинирање на културното, историското и јазичното наследство на светската цивилизација.
Надворешни извори
Македонски национален центар за истражување на камената уметност
- ↑ Алтипармаков, Зоран; Филиповска Лазаровска, Гордана; Михајловски, Роберт; Калпаковска, Весна (2015). „Приказ на епиграфски споменик - Скочивирски натпис“ (PDF). Зборник на трудови на Н.У. Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола. 18: 180–192. ISBN 978-608-4754-05-3. Посетено на March 30, 2024.