Италијанската азбука е писмо што се користи за италијанскиот јазик. Заснована е врз латиницата и има 21 буква. азбуката има 5 самогласки и тоа се a, e, i, o и u од кои само а има една вредност а додека останатите четири самогласки имаат по две вердности. Буквите C и G ги означуваат гласовите к и г кога се пред сите останати букви со исклучок на i и е, тогаш се исговараат како ч односно џ. Буквата h на почеток на збор е тивка, не се изговара. Буквата Z може да се изговори како з или како ѕ а додека буквите ZZ се изговараат како ц.