Краток осврт на историјата на Македонија илустрирано со соодветни историски карти.
Грчко - персиски војни околу 500 г.п.н.е.
Грчко - персиските војни претставуваат серија на воени конфликти помеѓу неколку Грчки градови-држави и Персија, кои започнале околу 499 г.п.н.е. а завршиле околу 448 г.п.н.е. Но не сите Грчки градови-држави војувале против Персијанците, некои од нив биле неутрални а некои биле и сојузници со Персијанците.
Она што денес е познато за овој конфликт речиси целосно потекнува од Грчки извори. Пред сè од записите на Херодот од Халикарна кој во петтиот век пред нашата ера патувал низ средоземните земји, од Скитија до Египет. Неговите записи се собрани во неговата книга Ιστοριης Απόδειξη. Тусидис Атињанинот на некој начин продолжил со работата на Херодот. Неговата збирка на записи е позната како Ξυγγραφη (Пелопонеската војна). Се верува дека умрел пред да ја заврши оваа книга. Подоцна се појавуваат записи од Ефорус, како и од Диодорус Сикулус.
Постојат и оскудни Персиски извори, како на пример материјалите на Кнедус, личен лекар на Артаксеркус Мнемон.